Бавното вчитување на сајтови ќе биде минато
Објавено на од во hi-tech & business
Новата верзија на основниот протокол за пристап до веб страниците ќе ги реши бројните проблеми кои постојат на интернет, но истовремено ќе ја зголеми и брзината

HTTP претставува основен протокол за пристап до веб страниците, кој не е променет веќе 16 години.

Но, судејќи спрема блогот на Марк Нотингем, еден од челните луѓе на организацијата „IETF HTTP Working Group“, конечно е подготвена новата верзија на протоколот со име „HTTP/2“.

Во однос на старата верзија која датира од 1999 година, оваа носи неколку значајни новости. Пред се’, значително се унапредени перфомансите кои овозможуваат побрзо вчитување на веб страниците и подолго траење на врската.

Исто така, додадена е опцијата „server push“ која овозможува проактивно испраќање на податоци од серверот во „кеш“ меморијата.

Проблемот со оптоварување на серверот со бројни HTTP барања е решен преку новата опција за „мултиплексирање“, која ќе овозможи непречено доставување на повеќе задачи одеднаш, без тоа да се одрази на учитувањето на веб страницата.

Инаку, HTTP/2 претставува реплика на веќе постоечкиот SPDY протокол на Google, што ќе овозможи безбедност на врската во комбинација со TLS протоколот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×