BBC: Американскиот „Дон Канабис“ од САД верува дека Северна Македонија може да стане канабис суперсила во Европа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мултимилионер и одгледувач на марихуана Мајк Страуметис изненади дел од граѓаните на Северна Македонија објавувајќи фотографија со премиерот, Зоран Заев, пишува BBC.

биг мајк„Северна Македонија има голем потенцијал“, напиша тој под фотографијата на Инстаграм, додавајќи дека со нетрпение очекувал „да биде дел постанувањето канабис-супер сила на оваа земја, во Европа“.
„Големите работи ќе се случат наскоро, следете“, додаде Американецот познат по Инстаграм прекарите, Биг Мајк и „Дон Марихуана“.

Кој е Дон Канабис?

Мајк Страуметис често објавува фотографии на Инстаграм на кои го гледаат опкружен со девојки кои патуваат на приватни авиони или турнеи на фарми за канабис.

Роден е во Портланд, Орегон, во 1960 година.

На 19 годишна возраст, тој започна компанија за ѓубрива за тревници.

Денес тој е извршен директор на Advanced Nutrients. Со седиште во Канада, оваа компанија е една од најголемите во областа на одгледување канабис и произведува хранливи материи и додатоци кои се користат на фармите.

Тој се проценува дека „тежи“ милиони откако биле изменети законите за одгледување и употреба на канабис во Америка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×