БДП во третиот квартал порасна за 0,2%
Објавено на од во Економија

АвтопатСпоред проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2017 година е 0,2%. Во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и мало од 9,8%, во земјоделство од 3,8% и дејности во врска со недвижен имот од 0,9%.

Во третиот квартал најголем пад бележи градежништвото од 11,4%, падот во преработувачата е 5,8%, во рударството има пад од 4,1%, а пад од 2,6% има и кај финансиските услуги и осигурувањето.

Пад има и во секторот информации и комуникации од 0,1%, кај стручните, научни и технички дејности има пад од 4,6%, кај јавната управа и одбрана има пад од 2,1% и кај уметноста, забава и рекреација има пад од 6,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5,0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,5%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5,0%.
БДП во вториот квартал имаше пад од 1,3%, додека во првиот квартал имаше 0% раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×