БЕГ АД Скопје ја тужи Топлификација за нанесена штета од 10 милиони евра
Објавено на од во Економија
Во октомври 2018 година БЕГ поднесе кривична пријава против Топлификација АД и нејзината фирма ќерка Дистрибуција на топлина ДООЕЛ за нанесување штета на имот на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.
toplifikacija-istokВо продолжение целото соопштение од БЕГ АД Скопје.
Согласно Договорот за користење на дистрибутивната мрежа, склучен во 2000 година помеѓу Топлификација АД и Агенцијата за приватизација на Р.М, Топлификација а подоцна и Дистрибуција на топлина ДООЕЛ биле должни средствата пресметани од амортизација на топлинската мрежа, во периодот од 1999 до 2013 година, да ги употребат за инвестиционо одржување и проширување на топлинската мрежа, а средствата кои немало да бидат потрошени за оваа намена требало да бидат дадени на располагање на Агенцијата за приватизација, сега АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје (АДСДП).
Меѓутоа, Топлификација АД, а подоцна и Дистибуција на топлина ДООЕЛ, пресметаните и наплатени од потрошувачите на централно греење, средства од амортизацијата на топловодната мрежа не ги вложиле во инвестиционо одржување и проширување на мрежата, не ги ставил е на располагање средствата кои не се потрошени за оваа намена на Агенцијата за приватизација односно на АДСДП, со што и нанеле штета на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.
Ова е видно од инвентарната книга на дистрибутивната топловодна мрежа, каде се гледа дека во периодот од 1999 година до 2013 година, вредноста на дистрибутивната тополоводна мрежа е намалена за околу 10 милион и евра.
Фактот дека парични средства не се пренесени на Агенцијата за приватизација и АДСДП е потврден и од АДСДП кои пријавија побарување во стечајната постапка на Топлификација АД во висина од 9,8 милиони евра , бидејќи како што е наведено во пријавата, Топлификација АД им го должела наведениот износ поради неисполнување на обврски од Договорот закористење на дистрибутивната топловодна мрежа.
Ги повикуваме истражните органи, Финансова полиција како и Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок да ги превземат сите неопходни дејствија со цел да се надоместат штетите нанесени на Република Север на Македонија. Исто така ги повикуваме и охрабруваме истражните органи да испитаат дали инвестицијата на Топлификација АД во компанијата ТЕ-ТО АД е извршена со приноси од казниво дело нанесување штета на имотот на Република Северна Македонија, преку неинвестирање во топловодната дистрибутивна мрежа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×