Бегалската криза нема да донесе брз влез во ЕУ и НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бегалската криза нема да донесе брз влез во ЕУ и НАТО. Ваквите информации кои се појавија во некои европски медиуми, но и кои ги споделуваат некои од познавачите во земјава, не се реални, информираат од МНР.

Врз основа на тоа, оттаму демантираат и градење на бегалски кампови, како контрауслуга што Македонија ќе требаше да ја направи за сметка на брзо членство во ЕУ и НАТО.

„Градењето на бегалските кампови е одлука што Македонија сама треба да ја донесе. Тоа не е одлука што зависи од другите земји. Во моментот воопшто не се размислува за такво нешто“, децидни се од МНР.

Оттаму велат дека намалениот бран на бегалци што во последните денови се забележува на границата со Грција влева оптимизам дека нема да се создаде поголем хаос во однос на справувањето со беглаците, но дали тој тренд ќе продолжи и во иднина, не може да претпостават.

Во однос на различните ставови што доаѓаат од различните земји на ЕУ, за тоа дали треба да се затворат границите или не, од Министерството за надворешни велат, дека одлуката на Македонија нема да се базира на ниту една одлука од тие  држави, туку дека земјата ќе ги следи одлуките на Советот на ЕУ.

„Ние не следиме ничија одлука во однос на тоа дали ќе се затвора границата или не. Во моментот ги спроведуваме заклучоците од Советот на ЕУ во однос на ова прашање. Нашата цел притоа е да обезбедиме хуман и безбеден транспорт за сите оние што транзитираат низ земјата“, велат од МНР.

Секако, велат оттаму, доколку состојбата се комплицира, Македонија е подготвена и да донесе еднострана одлука во однос на затворањето на преминот со Грција. Но, велат оттаму, во моментот Македонија не размислува да го направи тоа оти според Министерството, таквата одлука би имала негативни политички, економски, туристички и секакви други последници за земјава.

Во моментот, фокусот на Македонија е да се спречи илегален премин на бегалците, како што тоа се случуваше минатата година. Некои статистики велат дека само лани преку 720 илјади беглаци нелегално ја поминале границата, но од МНР стравуваат дека бројката е уште поголема.

Токму поради тоа и беше поставена оградата долж границата со Грција. По нејзиното поставување, во неколку наврати постоеле обиди за уривање на оградата, но тие се ретки и неуспешни.

Од МНР исто така информираат дека дел од земјите членки биле против градбата на оваа ограда. За кои точно земји станува збор од Министерството не сакаа да соопштат.

Во однос пак на заглавените мигранти пак кај Табановце, од МНР велат дека најверојатно ќе останат таму додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу третманот на Авганистанците. Во ЕУ се уште не е одлучено дали Авганистан се уште ќе важи за небезбедна земја, или како земја во која има конфликт, но не ја загрозува безбедноста на граѓаните. До таквата одлука, никој не знае како ќе се третираат граѓаните на оваа држава. Надежите во Министерството се дека таквата одлука ќе биде донесена во текот на денешниот ден, или најдоцна утре.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×