Бегалскиот договор со Турција е мртов
Објавено на од во Профил

ERDOGAN-I-MERKEL-WEBЕрдоган ќе ги пушти бегалците кон Европа

Европските лидери уште кога го потпишуваа договорот со Турција добиваа предупредувања колкав е ризикот на Ердоган да му се остави да биде клучен фактор во контролата на бранот бегалци. Сега се случува токму тоа – турскиот претседател е во позиција да уценува, и го прави тоа.

 

Претседателот на Турција со амбиција да го промени уставот на државата за да ја има целосната контрола над власта, го избрка премиерот и лидер на неговата партија, Ахмет Давутоглу, а потоа пред своите егзалтирани приврзаници објави дека секој треба да оди по својот пат – Европската унија по својот – Турција по нејзиниот. Ова во ситуација и на потпишан договор меѓу ЕУ и Турција, за Европејците може да значи само едно – дека одново треба да бараат сопствени решенија за бегалската криза.

Без да се чека натамошниот развој; зашто Ердоган прави сѐ погруби провокации. Од неговиот табор (од поранешниот советник на Ердоган, Бурхан Кузи) дојде изјавата дека Турција ќе испраќа бегалци во Европа, доколку Европскиот парламент донесе „погрешна одлука“, разгледувајќи ги предлозите за визниот режим за турските државјани.

На крајот на краиштата, Ердоган уште во фазата на преговорите со ЕУ уценуваше. Зимоска изјави дека Турција ќе се сложи да прима бегалци од Турција само ако во замена ЕУ прифати да го смени визниот режим за турските граѓани. Во друг случај, се закани тогаш турскиот претседател, Турција ќе прати толку бегалци, што ќе ја потопат Европа. Уцената беше дадена сосем отворено, и без Ердоган воопшто да најави дека е свесен оти за отфрлање на визниот режим треба да се исполнат одредени услови.

Заклучоците на аналитичарите од Европа се дека на европските лидери морало да им биде јасно оти „кој става рака во змиско гнездо ќе биде каснат“, и дека со луѓе како Ердоган не може да се прават политички договори. Германската канцеларка Ангела Меркел играше на картата на премиерот Давутоглу, со надеж дека тој ќе победи во битката за власт со Ердоган, и потоа ќе ја приближи Турција до Европа. Денеска е јасно дека Меркел одигра на погрешна карта, поради што сега договорот за бегалците е на смртна постела.

Освен ако Европа не е подготвена во името на овој договор да ги затвори очите, да ги погази принципите, и да испрати погрешна порака на повеќе адреси, и без исполнети услови од страна на Турција да ѝ го либерализира визниот режим. Ердоган веќе објави дека нема да го промени својот антитерористички закон, а токму тоа е еден од европските услови – да се смени законот така што под негов прогон да не бидат новинари или дисиденти.

Најтазе примери во контекстот се петгодишните пресуди против главниот уредник и уште еден новинар од опозицискиот весник „Џумхјуриет“, кои беа осудени не за друго, туку за тоа што си ја вршеле работата. Информациите што осудените ѝ ги пренеле на јавноста биле непријатни за Ердоган, и иако е нејасно кој закон конкретно го нарушиле новинарите, пресудите им се изречени.

Значи, станува збор за целосно одземена слобода на медиумите, што е нарушување на основните европски вредности и права, поради што Турција не може да ги исполни условите за безвизен режим. Овде нема место за интерпретации – работите се јасни – Европа може да ѝ даде визна либерализација на Турција само како подарок за Ердоган да се држи до договорот за бегалците.

Инаку, мнозина европратеници веќе потврдија дека ќе нема никакви отстапки за Турција во однос на условите за безвизно патување. Ако тие не останат на својот збор, аналитичарите предупредуваат дека Ердоган ќе продолжи да провоцира, за да види (и да ги натера) Европејците да ги жртвуваат своите вредности.

Од сѐ ова е јасно дека бегалскиот договор со Турција е мртов, и затоа има потреба од план Б (Меркел ова го отфрлаше во пресрет на потпишувањето на договорот, и тврдеше дека „земјите-членки на Европската унија со сите сили го поддржуваат заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа“). Притоа треба да се искалкулира што би можел да направи Ердоган по евентуално откажување на ЕУ да го либерализира визниот режим за граѓаните на Турција. Секако дека не може да се исклучи турскиот претседател да ги отвори вратите за нов бегалски бран кон Европа. Дотолку повеќе што според Ердоган Европа има потреба од Турција многу повеќе, отколку Турција од Европа. Од геополитичка гледна точка јасно е дека ваквата теза е сосем погрешна, но од аспектот од кој гледа Ердоган (во кој аналитичарите ја потенцираат психолошката димензија), се чини дека нему му е сеедно.

Во Брисел веќе гледаат со ужас кон уште едно, ново лето, на кризни средби и полноќни седници. Но, ЕУ нема друг избор – Унијата ќе мора да бара сопствено решение за бегалската криза – Ердоган отпаѓа како партнер.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×