Бегалците- нов услов на ЕУ за Србија и Македонија?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Србија, за разлика од претходните шест месеци, веќе нема да може само да ги пренасочува бегалците на границата со Хрватска или Унгарија, туку ќе мора да изгради и обезбеди сместувачки капацитети за повеќе од десетина илјади бегалци кои подолго време ќе се задржат во земјата, пишува српски „Данас“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што се тврди во овој весник, исполнувањето на задачите од акциониот план од 17 точки за соочување со бегалската криза, кој е усвоен на самитот во Брисел, претставува нов услов, односно формално очекување од Србија, но и од сите земји кандидати во процесот на евроинтеграциите.

Тоа значи, дека она што овој весник го пишува за Србија, многу реално е да се очекува да важи и за Македонија. Оти дипломатските извори на кои се повикува„Данас“ вели дека освен за Србија ова ќе важи и за останатите земји кандидати:

„Исполнувањето на овие задачи (17-те точки од договорот во Брисел) ќе се претвори во формално очекување од земјите кандидати за полноправно членство во ЕУ. Тоа, секако ќе преставува нов услов и додатна компликација за Србија во процесот на евроинтеграциите“, оценуваат соговорниците за овој весник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×