Бејли: Да се преземат мерки за подобрување на имиџот на парламентот и државата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новиот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли денес одржа средба со претседателот  на Собранието, Трајко Вељановски.

Во соопштението, испратено од Собранието, се вели дека амбасадорот Бејли истакнал дека е важно да се превземаат мерки за подобрување на севкупниот имиџ на парламентот и државата.

 На средбата се разговараше и за повеќе актуелни прашања, како и за политичката состојба во Република Македонија, каде двајцата соговорници беа согласни дека недоразбирањата и политичките ставови треба да се искажуваат во институциите, односно во Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом каде народот е претставен преку пратениците. Амбасадорот Бејли, истакна дека е важно да се преземат мерки за подобрување на севкупниот имиџ на парламентот и државата, а за тоа е потребно да постои дијалог за решавање на проблемите“, пишува во соопштението.

Претседателот Вељаноски, пак, истакнал дека тој ќе ги употреби сите инструменти во негова надлежност, почитувајќи го Уставот, Законот за Собранието и Деловникот за што поскорешно разрешување на оваа политичката состојба и враќање на пратениците кои се во оставка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×