Бејли: Демократијата e клучна за напредокот на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Развој на демократијата е од клучно значење за напредокот на државата, изјави синоќа американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли

На свеченоста што американската амбасадаво Македонија ја организира по повод 4 Јули, Денот на независноста на САД, Бејли порача дека потребно е секојдневно посветување на вредностите на демократијата, со цел надминување на предизвиците кои допрва престојат.

„Американците се горди што се пријатели и партнери на народот на Македонија додека тие се стремат да создадат просперитетна, динамична и мултиетничка демократија“, рече Бејли.

Меѓудругото, тој ја потенцира соработката и поддршката која САД ја дава кон Македонија и македонскиот народ.

Инаку, пред точно 239 години е потпишана Декларацијата со која беше прогласена независност на САД и беа прогласени принципите кои ја чинат суштината на американската демократија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×