Бејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција и со другите соседи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Aмериканскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска рече дека САД од секогаш ја поддржувале Македонија и дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името.

„Добро е што Македонија има разговори со Грција и другите земји во соседството. Нема да зборувам за исходите, за тоа ќе зборуваат само партнерите. САД од секогаш ја поддржувале Македонија и ќе продолжат да ја поддржуваат на нејзиниот пат и аспирација кон Европската унија и НАТО“, рече Бејли.

Одговарајќи на новинарско прашање на конференција за „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“, организирана од неколку стопански комори во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, Бејли рече и дека реформите кои сега се носат се многу важни во однос на владеењето на правото.

„Допрва треба да дискутираме со новата Влада, како и со членовите на целото општество и опозицијата, за чекорите кои ќе ги преземаме. На крајот овој процес ги вклучува целото општество и целата држава и сметам дека тоа ќе биде нешто за што целата земја треба да се обедини за да го постигне“, изјави Бејли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×