Бејли: Изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни – реформите во медиумите приоритет
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Ако секој работи напорно и игра според правилата, веруваме дека изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни и да ја придвижат Македонија напред во надминување на политичката криза“, изјави амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Одговорајќи на новинарско прашање, што ако некоја од политичките партии ги бојкотира изборите, Бејли рече дека сите партии треба да партиципираат во процесот.

Во врска со реформите во медиумите, американскиот амбасадор напомена дека тие не се клучни само за изборите, туку мора да се спроведат во интерес на целото општество.

„Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори. Сите вие потпишавте Етички кодекс и затоа најважно ќе биде како ќе ја завршите вашата работа и да им помогнете на македонските граѓани да бидат информирани“, истакна Бејли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×