Бејли: Се надеваме дека Иванов ќе ја преиспита својата одлука
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Сметаме дека тоа (одлуката на Иванов да не го даде мандатот на Заев, н.нз.) не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита“, изјави амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој присуствуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Тој порача дека е важно демократските институции да функционираат и оти во тоа се содржани решенијата.

Амбасадорот смета дека ако се погледнат елементите од договорот од Пржино, ќе се види и во кој правец треба да се бара излезот од кризата.

„Зборувавме за ова многу пати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред“, рече Бејли, кој посочи дека, сепак, одлуката е на политичките лидери во земјата.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×