Бејли: Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Се согласувам со комесарот Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, што се суштински НАТО вредности“, напиша на Твитер американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, реагирајќи на вчерашните случувања поврзани со одбивањето на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да му го даде мандатот за составување влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Бејли го повика Иванов уште еднаш да преиспита одлуката за недоделување на мандатот. Амбасадорот вели дека оваа изјава ја дава како претставник на стратешките партнери на Македонија и како пријатели кои целосно го почитуваат суверенитетот и унитарноста на Македонија.

Бејли ги повика соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во, како што рече, овој момент на висока политичка сензитивност. Тој посочи дека САД биле разочарани кога дознале дека Иванов одбил да го даде мандатот на јасното политичко мнозинство и да му даде можност на претставникот да формира влада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×