Бектеши: Владата утре ќе го раскине Договорот за Казандол  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
odluka kazandol1

Потписот на премиерот Зоран Заев или некој од неговите заменици претседатели на Владата го дели од затворање рудникот Казандол во валандовско, изјави за Капитал министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Комисија беше на увид во комплексот Казандол и утврди дека според членот 13 од Договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро, има основа за еднострано раскинување, односно, концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години, односно до февруари 2017 година да изгради постројка за производство на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда. Јас како министер за економија, надлежен за овој сектор, врз основа на тоа, донесов предлог одлука да се раскине Договорот со концесионерот. Очекувам дека сите членови на Владата ќе ја поддржат оваа предлог одлука од Министерството за економија, и премиерот или некој од замениците претседатели на Владата ќе ја потпишат оваа одлука што ја очекуваат сите граѓани, особено луѓето од југоисточниот регион“, истакна Бектеши и додаде дека не очекува дека овој потег ќе има фискални импликации бидејќи има правна основа за тоа.

Оваа одлука доаѓа откако БИРН на крајот на јануари објави истражување дека Договорот за концесија за експлоатација на бакар за рудникот Казандол е прекршен и со тоа се создадени услови за негово раскинување.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција отвори и предистражна постапка за овој случај, за наводно противправно доделување на концесијата за експлоатација во овој рудник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×