Bella, производител на женска облека
Објавено на од во Компании

28Четврт век градиме македонски текстилен бренд

“Почнавме како мала шивачница направена од љубов на две жени кон убавиот дизајн и квалитетно скроените материјали, а денес сме еден од ретките македонски текстилни брендови. Додека преку 90% од производителите се занимаваат со лон производство, ние останавме доследни на својата препознатливост: облека за модерната елегантна и деловна жена во Македонија. Следна цел ни се регионалните пазари“, вели Симон Ендровски, свежата крв во Bella, претставник на втората генерација во семејниот бизнис.

 

Од мала шивачница до познат македонски бренд за женска облека, вака во три збора би се опишала приказната за Bella, конфекцијата која годинава прослави 25 години од постоењето. Сопствениците на Bella, семејството Ендровски, велат дека се горди што направиле автентичен македонски бренд во текстилот, за разлика од најголемиот дел текстилни фабрики во земјава кои што шијат лон.

Разговорот за тоа што е Bella денес и какви се плановите за иден раст и развој,  го водевме со Симон Ендровски, син на сопственичката и основач на фирмата, Весна, во просториите на конфекцијата во Скопје. Симон е во компанијата од 2009 година, кога се вратил од студиите во Грција. Оттогаш е неговото формално почнување со работа во Bella, иако, како што вели, со семејниот бизнис буквално растел секојдневно, и уште како ученик помагал преку летните распусти.

“Кога дојдов во семејната компанија,  штотуку излезен од факултетските клупи, бев полн со идеи за тоа како да се подобрат некои процеси, на пример маркетингот, кој што практично и го немаше во тој момент. Нормално е дека на почетокот се соочив со отпор од постарите членови на семејството и менаџментот, тоа е карактеристично за сите семејни компании кога следната генерација навлегува во бизнисот“, се сеќава Симон на своите први денови во компанијата. Нормално, како и сите почетници  и тој во прво време се среќавал со неуспеси, додека ги “фати конците“ и сфати како функционира бизнисот во Македонија.

“Ми текнува сега на мојот прв маркетиншки договор со една скопска телевизија“, вели низ насмевка Симон, “кој што беше фијаско за нас, односно ни донесе повеќе штета одошто корист.
“Но, откако почнаа да се гледаат првите резултати од она што беа мои иницијативи, почна  да расте и довербата на семејството во моите одлуки“, ни рече Ендровски. Па така, постепено растеле и одговорностите што му биле доверувани, а денес Симон е задолжен за оперативните работи во конфекцијата, додека задолжена за дизајнерскиот тим е  неговата мајка Весна Ендровска, заедно со сопругата на Симон, Ана, исто така дизајнер.

29Следна цел – регионалните пазари

Но, приказната за Bella  почнува малку порано од ’91-ва. Неколку години претходно, бабата на Симон, г-ѓа Радмила Мазневска,  заедно со ќерка си Весна, отворила дуќан за гардероба, која што самите ја шиеле. Тоа била една мала шивачница од 2-3 вработени, пред да почнат со посериозно отворање на бутици во почетокот на 90-те, кога приватната иницијатива во земјава доживеа експлозија заради промена на економскиот систем во пазарен.

Почнувајќи буквално од нула, како љубов на основачите кон добриот дизајн и квалитетно сошиената облека за современата жена, денес Bella брои педесетина вработени, и покрај фабриката располага со три сопствени бутици во Скопје, додека нејзини парчиња облека се продаваат на уште неколку места – партнери на компанијата низ Македонија.

“Нашите адути биле и ќе останат модерен дизајн и квалитет на материјалите и шиењето. Наша целна група е современата жена, поточно елегантната и деловна жена. Не навлегуваме во спортските и останатите сегменти на женската или машката облека, затоа што сакаме да се држиме до она што најдобро знаеме да го правиме повеќе од четврт век“, вели Симон Ендровски.

Тој вели дека продажбите последниве неколку години растат со двоцифрени стапки, освен последнава година, кога е забележан помал раст, како што вели тој, заради политичката криза, која што создава воздржаност кај луѓето при одлуките за шопинг.

“Македонија станува претесен пазар за нас и ние сериозно размислуваме за ширење надвор, поточно Бугарија и Србија како најизвесни дестинации. Но, тука мора да бидеме внимателни и прво да бидеме целосно подготвени, затоа што само Софија или Белград сами за себе се пазари со неколку пати поголема куповна моќ од цела Македонија. Значи, мора да го зголемиме капацитетот на производство најмалку двојно, и голем дел од процесите да автоматизираме, за да може да го одговориме на нарачките што би доаѓале од надворешните пазари“, вели Симон.

Онлајн продажбата закочена заради бирократска глупост

Тој додава дека во меѓувреме, додека се реализираат плановите за пласман на облеката на Bella надвор од Македонија во сопствени или партнерски продавници, останува можноста за онлјан продажба.

“Но, тука имаме реален проблем што ја кочи целата работа. Ние како компанија не може ништо да извеземе без царинска декларација, која што изнесува 45 евра без оглед дали станува збор за една кошула или пак стотина парчиња. Ние ќе треба да ја зголемиме цената, затоа што за секоја нарачка би имале трошок од најмалку 45 евра и тоа автоматски н$ прави неконкурентни. Решение би било државата да си го прибира само ДДВ-то, а за онлајн извоз на македонски производи да ги ослободува од царинска декларација“, вели Ендровски.

 


“Сè потешко наоѓаме работници“

Нашиот соговорник вели дека иако компанијата има потенцијал за раст и развој, идеи и креативност, сепак се соочува со реални проблеми што се испречуваат како голем предизвик.

“Сè потешко доаѓаме до квалитетен кадар. За оваа струка с$ помалку се учи во средните училишта, а како проблем се испречува и нелојалната конкуренција од странските инвеститори. Тие отвораат фабрики со субвенции од нашата држава, ослободени се од придонеси и сл., и можат да понудат повисоки плати, со што ги преземаат работниците од домашните компании.“, вели Симон Ендровски.

Тој вели дека иако 25 години се трудат да опстојат како домашен оригинален бренд на облека, никаква стимулација не добиваат од државата, напротив, со ова што го спомна претходно, дури и им се одмага на домашните производители.

“Ова е индустрија каде што маржите се мали, и трошоците мора да се сведат на минимум, а  секоја промена на регулативата и зголемување на бирократијата прави хаос и ги зголемува трошоците. За да станеме поефикасни и го зголемиме капацитетот, мора многу да инвестираме, досега сме се потпирале на сопствена акумулација, но за последната инвестиција во нови машини зедовме кредит“.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×