Берзата ja промовираше eTrader апликацијата за онлајн тргување
Објавено на од во Компании
Сега ќе може да купувате и продавате акции и обврзници на Македонската берза од било каде со компјутер, лаптоп и сл. 
Штериев

 

 

 

 

 

 

 

 

Денеска во просториите на Македонска берза беше претставена eTrader,  апликација наменета за крајните корисници (клиентите на брокерските куќи) која овозможува следење на тргувањето во реално време,  праќање електронски налози до брокерите и комплетен увид во тргувањетокое е извршено преку брокерската куќа . Со eTrader апликацијата доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето, објаснуваат од Берзата.

“Со користењето на апликацијата eTrader, можете да го замените традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа. Отсега, со само една посета кај вашиот брокер, добивате идентификациони елементи и давањето на налози може да се направи од вашите домови, од работните места, од странство, додека сте на одмор, итн.“, објасни извршниот директор на Македонска берза, Иван Штериев.

Апликацијата е едноставна за користење, додаде Штериев,  и овозможува:

  • високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците)
  • едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување
  • преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, согласно пазарната состојба
  • преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)
  • следење на внес и извршување на налогот во реално време
  • преглед на активни налози
  • следење на налогот во пазарната длабочината
  • аларми (нотификации за промените на пазарот)

За да можете да jaкористите eTrader апликацијата, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на eTrader апликацијата ги добивате следните податоци:

URL адреса за пристап до апликацијата, како и корисничко име и лозинка. Следната година се планира и посебна мобилна апликација еTrade.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×