Берзите во Кина “потонаа”, нафтата падна под 45 долари за барел
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Индексите на двете основни берзи во Кина паднаа за повеќе од 8,5% на почетокот на денешното тргување главно заради разочарувањето на инвеститорите од отсуството на поддршката за економијата од страна на Централната банка во Пекинг.

Ефектот веднаш се почувствува на азиските берзи – во Хонг Конг, Токио, Сеул и Тајван, а аналитичарите очекуваат ефектот да продолжи и на европските и американските берзи, како и на берзата во Москва.

Минатата недела индексите на берзите во Шангај и Шенжен изгубија 11% од вредноста. Основната причина за падот е што инвеститорите очекуваа централната кинеска банка да ги намали барањата за резерви кои банките треба да ги издвојуваат. Очекувањата беа дека ако Централната банка ги намали резервите, кај банките ќе се ослободат повеќе пати кои ќе ја зголемат ликвидноста, ќе ги подигнат цените на акциите и ќе го поткрепат забавениот раст на индустријата во Кина.

Но, тоа не се случи. Единствената новост од Централната кинеска банка беше дозволата за пензиските фондови да можат да купуваат хартии од вредност.
Во петокот трговијата на Волстрит заврши за намалување на главните индекси Dow Jones S& P и Nasdaq за повеќе од 3%. Во исто време индексот за трговија со фјучерси на берзата во Чикаго се зголеми за 47%. Во период од една недела овој индекс ја зголеми вредноста за рекордни 120%, што не се случило од времето на глобалната финансиска криза во 2008 година, што ги одразува негативните очекувања на инвеститорите.

Со случувањата во кинеската економија се поврзува и поевтинувањето на нафтата. Брент нафтата падна на 44,62 долари за барел, што е најниска вредност од финансиската криза во 2009 година, кога нејзината цена падна на 39 долари за барел.

Во Русија, која е зависна од цената на нафтата, очекуваат оваа недела да започне со девалвација на рубљата и со пад на берзанскиот индексот РТС од 5% до 6%. Во петокот рубљата ја затвори трговијата на 69 за долар и 78,5 за евро. Ако берзите на Волстрит продолжат да паѓаат, до крајот на неделава рубљата може да чини дури 82 за долар, вредност која ја достигна во критичните недели од декември  2014 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×