Бесими: Извештајот бара сериозен пристап. Институциите да си ја завршат работата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Besimi

Вицепремиерот Фатмир Бесими без да даде оценка за Извештајот, потенцирајќи дека никогаш до сега овој документ не го оценувал, рече дека Извештајот за напредокот на земјата бара сериозен пристап и побара институциите да си ја завршат работата.

„Во овој Извештај важно е тоа дека Комисијата ја споменува препораката. Таа е условена од Договорот од Пржино и тоа значи дека Комисијата повторно ќе се наврати на Македонија и ќе даде оценка“, ова го истакна вицепремиерот Бесими на денешниот брифинг пред новинарите.

Според него, ваквата условена препорака за Македонија не е преседан, како што многумина ја нарекоа,  оти како што рече тој, токму ваква (условена) препорака лани доби Србија во однос на прашањето за Косово.

Бесими додаде дека Извештајот е рефлексија на политичката криза со која последната година е соочена земјата, и дека треба многу работа да се посвети на реформите.

На прашањето на Капитал, дали овој „жолт картон“ (условена препорака) кој го доби земјава, доколку не се спроведе Договорот од Пржино до пролет, може да стане „црвен“ односно препораката да биде одземена, Бесими дипломатски одговори дека најверојатно ќе биде така.

Според Бесими, во моментот освен целосно посветување на реформите од страна на институциите, многу би помогнало и отворање на преговорите за 23 и 24 поглавје, оти токму овие поглавја ги адресираат недостатоците кои се нотирани во овој Извештај.

Засега, како што рече и самиот тој, не постојат најави дали Брисел е расположен за оваа иницијатива, оти во моментот вниманието е целосно свртено кон спроведување на Договорот.

Во однос на Вискиот дијалог, пак, засега нема закажано активности. Нема ниту најави дали наскоро ќе се одржи состанок меѓу Секретаријатот и Комисијата, односно дали во земјава ќе дојде еврокомесарот Јоханес Хан.

„Дијалогот на високо ниво е активен. Засега нема најави за нова средба. Зависно од потребата дополнително може да се организира состанок“, рече Бесими.

Тој додаде и дека Македонија е накаде на средина во однос на напредокот споредено со земјите од регионот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×