Бесплатни предизборни ветувања за проекти вредни милијарди евра
Објавено на од во COVER STORY

Cover-1изИзбори 2020

Двете најголеми политички партии нудат слична програмска содржина спакувана во два различни документи. И двете програми изобилуваат со километри нови патишта, железнички пруги, проекти за обновливи извори на енергија, инвестиции во здравството и образованието. Меѓутоа, се додека се на хартија, ветувањата се бесплатни. Во овој конктекст, за гласачите всушност најважен ќе биде одговорот на прашањето – не кој што нуди, туку какви гаранции даваат политичарите дека навистина ќе си ги остварат своите предизборни ветувања.

 

Политичките партии не штеделе зборови кога ги пишувале изборните програми, а ниту евра. На вкупно 608 страници се испишани стотици проекти за чија реализација би биле потребни над 20 милијарди евра, како што се вели во анализата на Призма (БИРН).
Двете партии во суштина нудат слична програмска содржина, спакувана во два различни документи, без притоа да се робува на идеологијата на левите или десните партии на коишто припаѓаат. И пребарувањето на клучни зборови во едната и другата програма го покажа тоа.
Во програмата на владејачката партија СДСМ, наречена „Можеме“, напишана на вкупно 268 страници, најмногу доминираат зборовите „Европска Унија“ или „ЕУ“ коишто се спомнуваат дури 109 пати и ја одразуваат главната стратешка цел на оваа партија, а тоа се евроинтеграциите на земјата,  Потоа, најчесто застапен е зборот „инфраструктура“ којшто се спомнува 94 пати, „НАТО“ може да се прочита 58 пати, „работни места“ во контекст на намалување на невработеноста се спомнува 54 пати, додека пак зборовите „правда“, „правна држава“ и „владеење на право“ само 17 пати.
Во програмата на ВМРО – ДПМНЕ наречена „Обнова“ распослана на 340 страници, според речиси истиот редослед но поретко застапени отколку во програмата на СДСМ, најчесто спомнуван збор од неколкуте клучни што ги пребарувавме е исто така „Европска Унија“ или „ЕУ“ и тоа 74 пати, а исто толку пати може да се почита и зборот „инфраструктура“. Потоа, 32 пати може да се прочитаат зборовите „работни места“, „правда“, „правна држава“ или „владеење на право“ 16 пати и „НАТО“ само 12 пати.
И двете програми изобилуваат со километри нови патишта, железнички пруги, проекти за обновливи извори на енергија, инвестиции во здравството и образованието.
Cover-3изМеѓутоа, се додека се на хартија, ветувањата се бесплатни.
Во овој конктекст, за гласачите всушност најважен ќе биде одговорот на прашањето – не кој што нуди, туку какви гаранции даваат политичарите дека навистина ќе си ги остварат своите предизборни ветувања.
Нема дилема дека партиските изборни програми се заводливо формулирани со цел да ги придобијат гласачите, но граѓаните својата одлука за бројот што ќе го заокружат на 15 јули веројатно ќе треба да ја темелат главно врз проценката на способноста на едните или другите да си ги одржат дадените ветувања. Да проценат кај која политичка партија или коалиција има најмал јаз меѓу навезеното на хартија и капацитетот за реализација.
При овој избор, несомнено значаен за гласачите ќе биде и политичкиот багаж и претходното искуство на кандидатите за мандатари.
Партијата што беше на власт последните три години, СДСМ, несомнено како свои најсилни адути ќе ги истакнува влезот во НАТО, датумот за почеток на преговорите со ЕУ и очекувањата за одржување на првата меѓувладина конференција најавена до крајот на годинава како формален почеток на евроинтеграциите, или некои од економските достигнувања до пред избувнувањето на пандемијата. Но од друга страна, досегашната владејачка партија ќе мора да се соочи со силните критики од граѓаните дека не успеа да воспостави правна држава и владеење на правото без оглед што преку масовен собир, пред неколку месеци, оваа партија се обиде да се дистанцира од неуспесите на судската власт како независна од извршната власт.
Најголемата опозициска партија, пак, ВМРО – ДПМНЕ, иако се обиде формално да расчисти со своето минато и со некои од партиските функционери коишто беа обвинети за сериозен криминал, сепак се уште носи тешко бреме од периодот на владеење до 2016 година кога меѓународната заедница ја окарактеризираше земјава како заробена држава.

 

 

За внатре ЗаевОстануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истиот. Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, вели Зоран Заев, претседателот на СДСМ во програмата на партијата „Можеме“. 

Што „може повеќе и подобро“ СДСМ?
Изборната програма на СДСМ за периодот 2020 – 2024 година е поставена на шест столбови и тоа: Рестарт на македонската економија; Стоп Ковид – 19; Грижа за сите; Ред, дисциплина и правда; Екодржава; и НАТО и ЕУ.
Во воведниот дел на програмата, претседателот на партијата, Зоран Заев, вели дека „ова е понуда која обезбедува план за успешно справување со ефектите од корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, ова се мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина“.
Во првиот столб посветен на клучните економски цели, СДСМ се осврнува на некои од своите достигнувања последните три години, па ги истакнува растот на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6% лани, отворањето на над 60.000 работни места последните две години, зголемувањето на просечната плата на 27.200 денари како и зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари.
„Оваа голема економска промена беше возможна и поради повисокиот износ на домашни странски инвестиции. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година“, пишува во програмата на СДСМ осврнувајќи се на сработеното.
Потоа, владејачката партија наведува дека пандемијата со коронавирусот која наметна строги мерки на ограничувања за да се запре ширењето на заразата оставила силни последици врз економијата, па ги набројува и сите мерки што ги донесе Владата за да го аморитизира ударот.
За следните четири години, СДСМ најавува дека ќе обезбеди економски раст од 4%. По завршувањето на кризата со коронавирусот, оваа партија ветува зголемување на минималната плата за 40% и на просечната плата во земјата за 30%.
Влез на странски директни инвестиции од една милијарда евра во текот на целиот мандат, и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции од страна на државата.
„Значително ќе го зајакнеме капацитетот за реализација на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции ќе бидат генератор на јавната инвестициона потрошувачка за да се фокусираме целосно на огромниот потенцијал на домашната потрошувачка и инвестиции“, пишува во програмата.
Во делот на даночната политика, СДСМ најавува дека данокот на добивка ќе остане на истото ниво од 10% а оние компании што ќе ја реинвестираат добивката следната година, ќе бидат ослободени од овој данок. Персоналниот данок на доход исто така освен за вработените во ИТ индустријата каде што се планира да биде 0%, меѓутоа, повторно се зборува за прогресивното оданоување.
„Остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за воведување на истиот. Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во програмата.
Во делот на ДДВ, се најавува намалување на стапката кај одредени сектори како ресторани и занаетчии.
„Го стабилизиравме редовниот поврат на ДДВ и прекинавме со лошите пракси од минатото на дикриминација и притисоци при поврат или при плаќање на обврските на државата. Продолжуваме со оваа добра практика“, се обврзува СДСМ.
Потоа следуваат низа мерки за приватните фирми, како поддршка од 600 милиони евра за инвестиции и намалување на парафискалните давачки за 75%.
Зборувајќи за пандемијата од Ковид – 19, СДСМ наведува дека „големо мнозинство од македонските граѓани се задоволни од начинот на кој се менаџираше оваа криза“, и потенцира дека здравствениот систем е подготвен за нов бран на есен. Во тој контекст најавени се 33 милиони евра инвестиции во одделенијата за интензивна нега, нови регионални здравствени центри во Струмица, Охрид и Тетово како и нов клинички центар во Скопје.
Во делот на социјалната политика, оваа партија најавува зголемување на опфатот на социјалната помош од 26.000 на 34.000 домаќинства и детски додаток за околу 65.000 деца. За студентите, СДСМ ветува дека ќе ги реновира сите студенстки домови по примерот на домот „Гоце Делчев“.
Во врска со воспоставувањето на правна држава, оваа партија најавува прочистување на судтството, конкретно преку разрешување на судиите чии предмети ќе застарат, детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, европски мониторниг на случаите каде што има висока корупција и криминал.
Партијата најавува и кратење на државната администрација за 20% и целосно укинување на патните трошоци за пратениците.
Во делот на животната средина, СДСМ најавува поригорозни контроли и казни за загадувачите, 60.000 бесплатни екоинвертери во замена за печки на фосилни горива и целосно укинување на употребата на пластични кеси и цевки.
Последниот столб во оваа програма е посветен на НАТО и ЕУ. Партијата ветува дека во својот мандат ќе отвори дури 80% од сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ и пристап до европски фондови од 2,5 милијарди евра.

 

За внатре МицкоскиЗа висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот. Доколку не се случат непредвидени геополитички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво вклучувајќи и нов бран на пандемијата со Ковид 19, во периодот 2020-2023 година растот на БДП ќе се движи меѓу 4% и 5%“, најавува лидерот на опозицијата, Кристијан Мицкоски во нивната програма „Обнова“. 
Каква „Обнова“ нуди ВМРО – ДПМНЕ?
Изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ наречена „Обнова“ и под мотото „Се обврзуваме“, е поставена на четири столба, и тоа: Ефикасна држава и силни институции; Конкурентен приватен сектор; Интегрирана, стабилна и безбедна земја; и Подобри услови за живот за сите граѓани.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во воведот објаснува дека програмата „се фокусира на економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку индустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот му се потребни вредности наместо демагогија, а на државата ѝ се потребни работа и резултати наместо неспособност и порази“, пишува Мицкоски.
Во првиот столб, оваа партија дава свои проценки за економијата следните четири години и се обврзува да оствари економски раст до 5% до крајот на мандатот.
„За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот“, пишува во програмата и доава дека „доколку не се случат непредвидени геополитички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво вклучувајќи и нов бран на пандемијата со Ковид 19, во периодот 2020-2023 година растот на БДП ќе се движи меѓу 4% и 5%“.
Во делот на даночната политика, оваа партија се залага да го задржи моделот на рамен данок но со намалување на стапката од 10% на 8%. Данокот на добивка за компаниите што ќе ја реинвестираат, да продолжи да биде 0%.
Притоа, се најавува ослободување од персонален данок на доход за млади до 29 години кои ќе остварат нето приходи до 6.000 евра при првото вработување.
Новина е и воведувањето на зелени државни обврзници, односно хартии од вредност со коишто ќе се задолжува Министерството за финансии но наменски, за намалување на загадувањето.
Во делот на капиталните инвестиции, ВМРО – ДПМНЕ потенцира дека „постои силна корелација помеѓу висината на јавните инвестиции и растот на бруто домашниот производ. Покрај висината на јавните инвестиции важна е и ефикасноста во нивната имплементација“, пишува во програмата оваа партија и се обврзува дека ќе инвестира минимум по 4% од БДП годишно во капитални објекти.
Притоа, најавува изработка на национална програма за јавни инвестиции и формирање на тело за следење на капиталните инвестиции.
Во врска со тековните трошоци од буџетот, оваа партија најавува кратење на парите за стоки и услуги за 10%, зголемување на платите во јавниот сектор за 25% до крајот на мандатот но не и кратење на бројот на вработени и раст на пензиите за 20%.
Во насока на подобрување на условите за водење бизнис, ВМРО – ДПМНЕ најавува „реформи во регулативата насочени кон подобрување на правниот систем со цел намалување на правните бариери, кои се однесуваат на непотребни закони, правила и процедури, кои го ограничуваат бизнисот и кои ги зголемуваат трошоците за водење бизнис. Дополнително, предвидуваме укинување на голем број парафискални давачки кои го оптоваруваат бизнисот“, пишува оваа партија.
Новиот развоен концепт на ВМРО-ДПМНЕ, како што пишува во програмата, „ќе биде насочен кон креирање на модерни индустриски политики насочени кон извозно ориентирана индустријализација на земјата како основа за забрзување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани“, и притоа се планира Министерството за економија да стане Министерство за индустрија, трговија и развој и наведени се низа проекти за поддршка на извозните компании.
Оваа партија повторно ги актуелизира и промоторите како дел од нов модел за привлекување на странски инвестиции.
„Овие промотори ќе бидат лоцирани во оние земји и региони каде потенцијалот за привлекување на странски инвестиции е најголем“, пишува во програмата.
Во делот на образованието, наведени се проекти за изградба и реконструкција на основни, средни училишта и факултети, студентски домови. Од останатата јавна инфраструктура, планирана е реконструкција на сите државни патишта според степенот на оштетеност, потоа во Град Скопје, жичарница од подножјето до средно Водно, како и пречистителна станица. Во делот на железницата, наведена е изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија како и набавка на нови возови.
Освен тоа, партијата се обврзува и на целосна гасификација на земата, како и зголемена искористеност на обновливите извори на енергија.
Една од најголемите разлики меѓу двете најголеми партии е во делот на рударството. ВМРО – ДПМНЕ во програмата пишува за политики за развој на рударски капацитети и набројува отворање на дури пет рудници за металични суровини, меѓу кои Стогово, Тајмиште, Плавица, Кадиица, и Лојане. За разлика од нив, СДСМ во неколку наврати се изјасни дека нема да дозволи отворање на нови рудници и дури и ги раскина договорите со некои од концесионерите со што ја испочитува волјата на граѓаните кои се бунтуваа против оваа политика.
Потоа, неколку страници од оваа програма се посветени на реформи во уставно – правниот и политички систем во земјава.
Партијата констатира дека „Македонија е заробена држава со хибриден правен и политички режим. Државата е правно несигурна, внатрешно разјадена од системски вкоренетата корупција и криминал. Политичките институции и државните органи се во заложништво на власта“.
Како дел од решенијата ВМРО – ДПМНЕ наведува дека ќе формира експертска група со задача да ги посочи сите евидентирани слабости, проблематични, неконзистентни и неприменливи одредби во Уставот на Македонија и да подготви нови, модерни предлог-уставни решенија во согласност со европските вредности и стандарди.
Потоа, проверка на имплементацијата на европските стандарди и вредности во текстот на сите нацрт или предлог-закони пред истите да бидат донесени во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе понуди политики со кои судството и обвинителството ќе ги ослободи од политичките, но и од другите форми на влијание и зависност.
„Ќе воведеме нови критериуми за избор на судиите, нови критериуми за избор на претседателите на судовите, ќе ги подигнеме критериумите за унапредување на судиите, за евалуација на нивната работа како и критериумите за утврдување одговорност на судиите и на претседателите на судовите врз построги законски основи. Формирање посебно тело за евалуација, интегритет и етика на судиите и на членовите на Судскиот совет во рамките на Советот“, пишува во програмата.
Она што е највпечатливо во овој дел е проектот „Слобода за неправедно осудените во политички монтираните случаи“ каде што партијата наведува дека ке примени инструмент „потрага по вистината“ во елиминирањето на селективната правда и во решавањето на случаите со неправедно осудените лица во политички монтираните процеси.
Признавање само на најниските патни трошоци на пратенниците со цел враќање на довербата на граѓаните во своите претставници.
Партијата заклучува дека во периодот 2020 – 2024 година фокусот ќе биде ставен на исполнување на сите критериуми за полноправно членство во Европската Унија и континуирано исполнување на обврските од членството во НАТО без да спомнува поништување на Преспанскиот договор туку само формирање на научна институција за проучување на ризиците, обврските, предностите и слабостите од него.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×