Бесплатниот интернет под закана поради растечката употреба на софтверот за блокирање реклами
Објавено на од во hi-tech & business

Ad blocking software- от, или софтверот за блокирање на реклами стана голем проблем во онлајн издаваштвото и за индустриите кои се рекламираат на интернет.

Употребата на алатките за софтвер со кој корисниците можат да детектираат реклами на сајтотвите и потоа да ги блокираат, стануваат се популарни меѓу корисниците . Исто така, ако има многу реклами на страната која корисникот ја отвора, вообичаено е потребно повеќе време за да се отвори саканата содржина и со тоа искуството на корисниците е загрозено.

Според последниот извештај на Adobe и PageFair, старт- ап компанија од Ирска, се проценува дека во 2015 година, речиси 22 милијарди долари ќе бидат прокнижени како загубен приход од рекламирање на интернет, оти еден од три интернет корисници употребуваат некој вид на блокирачки софтвер.

Пред две години, повеќето од поголемите издавачи не се грижеа за ваквиот софтвер. Но, со растечкиот број на корисници на овој блокирачки софтвер, бесплатниот Интернет може да биде загрозен, оти најголем дел од интернет страните кои обезбедуваат бесплатна содржина, пак зависат од рекламите на нивните сајтови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×