Connect with us

банки

„Best Buy Award“ за Комерцијална банка затоа што обезбедува најдобра услуга за најдобра цена

објавено

на

Комерцијална банка се стекна со уште едно меѓународно признание – „Best Buy Award“ за 2023/2024 година, како резултат на тоа што нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар на банкарски услуги.

Банката е особено горда и почестена од оваа награда, која ја доделува швајцарската организација ICERTIAS, затоа што таа е „гласот на клиентите“. Оваа награда се доделува врз основа на изборот на потрошувачите, кои на истражувањето од ICERTIAS одговорија дека од Комерцијална банка добиваат најдобар квалитет на производите и услугите за најдобра цена. Наградата е признание за компаниите кои обезбедуваат најдобра вредност за парите и им помагаат на потрошувачите да донесат информирани одлуки за купување.

Наградата „Best Buy Award“ се доделува во над 40 земји на 5 континенти и ја имаат добиено редица реномирани компании кои во фокусот на своето работење го имаат интересот на потрошувачите. 

„Best Buy Award“ е уште еден поттик за да останеме фокусирани на интересот и потребите на нашите клиенти, на постојаните иновации и инвестиции во нови производи и услуги кои ги следат новите потреби на пазарот, на знаењето, посветеноста и професионалноста на вработените за да донесат клиентите вистинска финансиска одлука.

Оваа награда доаѓа кратко време по прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобра банка за 2023 година во Македонија“, што е уште едно признание за лидерската позиција на Банката, која постојано создава иновативни и модерни финансиски можности и решенија за физички лица, компании, како и за мали и средни бизниси, со цел да остане нивниот партнер во создавањето среќа, задоволство и успех.

Комерцијален ПР текст

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија