Бил Гејтс и Лери Пејџ финансиски ќе ја поддржат потрагата по универзална вакцина против грип
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грипот, како заразна болест на дишниот систем, во некои случаи (кои се моментално помалку од 1%) може да биде смртоносен. Поради лесното ширење и можноста од време на време да се појават пандемии и епидемии (како со птичјиот и свинскиот грип кои убија десетици илјади луѓе), за човештвото од големо значење би било пронаоѓањето вакцина за спречување на грипот. Но, вирусите што го причинуваат заболувањето ги има три основни типа, со многу голем број мутации што брзо се менуваат, така што, универзална вакцина сѐ уште нема.

Во костец со овој проблем се зафатени научници од целиот свет, а сега би требало да им помогнат соосновачите на Microsoft и на Google, Бил Гејтс и Лери Пејџ, и тоа со штедра парична донација. Преку Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ќе дојдат 6 милиони долари, и уште толку ќе даде Пејџ. Вкупно значи 12 милиони долари ќе им бидат на располагање на научниците кои ќе работат на создавање универзална вакцина против грип – поделени на шест поединечни донации од по 2 милиони долари.

Главната намена на ова финансирање не е конечното пронаоѓање и изработка на вакцината, бидејќи тој проект, според некои процени, би можел да чини и до милијарда долари. Но, на научниците 12 милиони долари би требало да им бидат доволни за да ги соберат иницијалните податоци и да разработат иновативни начини за изработка на вакцината.

Потоа стратегиите што најмногу ќе ветуваат ќе можат во фондацијата на брачната двојка Гејтс да се пријават за дополнително финансирање од 10 милиони долари, за да се почне со тестирање на вакцината. Тоа најрано се очекува во 2021 година, а најоптимистичките процени се дека првата сезона без грип е можна за најмалку десетина години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×