Бил Гејтс: Криптовалутите се причина за смртни случаи поради олеснетиот начин на купување дроги
Објавено на од во hi-tech & business

Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, се чини не е симпатизер на криптовалутите, на кои им забележува дека се виновни и за случаи на смрт предизвикана од олеснетиот начин на купување дрога.

Гејтс, одговарајќи на прашања од корисници на Reddit, вчера ја критикуваше токму карактеристиката на криптовалутите што фановите ја сметаат за нивна главна предност.

„Главна карактеристика е нивната анонимност. Мислам дека тоа не е добра работа. Добра работа е можноста владите да откриваат перење пари, затајување данок, финансирање терористи …“, изјави Гејтс.

„Криптовалутите се користат за купување фентанил и други дроги, така што тоа е технологија што предизвикала смрт на прилично директен начин“, вели коосновачот на Microsoft, кој на коментарот на корисник на Reddit дека фенталин може да се купи и со кеш, одговори дека за такво купување сепак треба да се биде телесно присутен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×