Билал Суџубаши: Во ова време на пандемија, Халкбанк е тука да помогне клиентите да можат полесно да го поминат овој тежок период
Објавено на од во Интервју

BilalБилал Суџубаши
главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Во актуелната состојба на пандемија предизвикана од КОВИД-19, Халкбанк беше една од оние компании кои веднаш се вклучи како во поддршка на државата, така и на стопанството, но и на граѓаните за полесно справување со кризата водејќи се по своето основно начело „ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”. За мерките кои ги презеде банката, поддршката на населението и реалниот сектор, општествената одговорност, но и идните планови во насока на санирање од последиците од кризата, зборуваме со д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

 

-Нашата земја, впрочем како и целиот свет се соочува со предизвикот за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, како во поглед на здравјето на населението, така и во поглед на последиците по економијата и нормалното функционирање на државата во целина. Халкбанк беше една од компаниите која веднаш реагираше со низа мерки во насока на помош на државата, и во помош на стопанството и населението. За какви мерки станува збор?
Во услови кога сите сме пред голем предизвик, а хуманоста и човечноста се единственото решение, Халкбанк на дадената ситуација одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните.
Соодветно на одговорноста што како најбрзорастечка банка ја имаме кон државата, една од овие мерки беше предвремено подмирување на нашите обврски за данок на добивка, така што извршивме аконтативна уплата на данокот во висина од 71.8 милиони денари. Со овој чекор сакавме да придонесеме за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, за да може да се зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.
Истовремено, поаѓајќи од фактот дека нема поединци или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19, применивме повеќе мерки кои директно се однесуваат на граѓаните. Халкбанк на почеток на овој период ја укина наплатата на провизии на физички лица за сите плаќања во денари направени преку e-banking и moby banking. Ова е мерка со финансиски бенефит и воедно е мерка на претпазливост и грижа за здравјето бидејќи се заштитуваат и корисниците на банкарските услуги и вработените на шалтерите.
Спроведуваме и рана исплата на пензиите за примателите на пензии преку нашата банка и им испративме порака на нашите пензионери да останат дома и да се грижат за своето здравје во кругот на семејството, а Банката ќе се погрижи за нивната финансиска сигурност.
Една од главните мерки што ја донесовме во поглед на населението секако е онаа за одлагање на сите кредитни изложувања во период од шест месеци. Понудата, којашто ги опфаќа и пензионерите, даваше можност за одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања) во вид на 6 месечен грејс период со почеток на пресметка од 01.03.2020 и со траење до крајот на месец август.
Истовремено се даде опција оние клиенти кои имаат можност, да продолжат со редовната исплата на своите обврски. Односно, постои можност во грејс периодот клиентот да ја смени првичната одлука за прифаќање, односно неприфаќање на понудата и дополнително да се изјасни за тоа дали сака да биде вклучен во користење на мерките или, пак, да излезе од истите и да се врати на редовна отплата.
По истекот на шестмесечниот период, на клиентите со достасани обврски не подолго од 01.01.2020 година, ќе им понудиме и други можности, како продолжување на рокот на договорениот краен рок на отплата за дополнителни 6 месеци, можност за реструктурирање на кредитната изложеност, одобрување на новата кредитна изложеност за затворање на постојната, како и начини за покривање на достасаните обврски за дозволените пречекорувања и кредитни картички.
Со мерките не го заборавивме и стопанството. Имено, со оглед дека огромен број стопански гранки се засегнати од кризата, Халкбанк уште на 20 март усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании.
Истовремено, како институција која води сметка за своите клиенти кои во овие тешки моменти за нормално деловно работење се со спречени или намалени промети и приходи, донесовме одлука за сите свои корисници на ПОС терминали за месеците март, април и мај да не наплаќаме провизија за месечно одржување на терминалите за трговците кои оствариле промет помал од 30.000 денари.
Bilal- Halkbank-7-На каков одѕив и кај населението и кај стопанството наиде мерката за одложено плаќање на кредитните обврски за период од 6 месеци?
Одѕивот и во сегментот на население и во сегментот стопанство беше, како што и се очекуваше, навистина голем. Кај населението речиси 70% од граѓаните ја имаат прифатено мерката. Односно, станува збор за 36.500 клиенти со кредитна изложеност по основ на кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување во висина од околу 190 милиони евра.
Истовремено и над 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, заклучно со месец март, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата.
Во рамки на компаниите кои ги искористија мерките, најголем дел припаѓаат на малите и средните претпријатија кои беа и најзасегнати со оваа ситуација.
Односно 354 мали компании кои во банката имаат кредитна изложеност во висина од над 43 милиони евра и 198 микро компании со кредити во висина од 10,7 милиони евра, ја имаат прифатено понудата. Позитивно одговорија и 38 средни компании со изложеност од 33,9 милиони евра, како и 18 големи фирми кои имаат и најголема кредитна изложеност од околу 51,7 милиони евра.
Со подготвените мерки им овозможивме на фирмите да ја зачуваат ликвидноста и да ја искористат за нивните најнеопходни потреби во наредниот период на намалена или, пак, стопирана бизнис активност. Ова индиректно значеше поддршка на стопанството во одложување на плаќањата на фирмите по основ на кредитни задолженија во износ од околу 30 милиони евра.
Покрај преземените пакет мерки, согласно анализата за потребите на фирмите во наредниот период, Халкбанк ќе понуди и можност за дополнително финансирање за потребите на компаниите за обртни средства со овозможување на прилагодливи услови за отплата, согласно природата на бизнисот, како и можност за одобрувања нов кредит за рефинансирање на постоечка изложеност со олеснителни услови.
Со сите овие мерки и активности, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа својата подготвеност и решителност да ја поддржи ликвидноста на реалниот сектор и економијата дури и во вакви тешки и непредвидливи моменти, како и за активна поддршка на бизнис заедницата во кризниот и пост-кризниот период.
-И осигурителната компанија Халк Осигурување, којa е целосно во сопственост на Халкбанк, врзано за пандемијата, се вклучи во поддршка на своите клиенти и им понуди можност за бесплатно тестирање за присуство на вирусот. Кои клиенти можат да ја искористат оваа можност?
Халк Осигурување, како компанија која секогаш се грижи за своите клиенти, одлучи на веќе постојните корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување и сите нови кои ќе ја земат оваа полиса, да им додели по еден бесплатен тест за детекција на КОВИД-19 во приватните болници со кои има склучено договор.
Имено, полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на Халк Осигурување претставува дополнување на основното задолжително здравствено осигурување и е достапна за сите граѓани кои се заинтересирани за обезбедување надстандардно лекување и покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.
Со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување, се обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи ги трошоците за покривање на здравствени услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.
-Врзано за одложеното плаќање на кредитите, имаше доста реакции во јавноста на фактот дека за време на одложеното плаќање ќе се пресметува редовна камата…
Стабилен монетарен и стабилен банкарски систем се од исклучителна важност за секоја држава, за нејзината економија и за нејзините граѓани. Северна Македонија е една од земјите која може да се пофали токму со стабилност во овој поглед и тоа треба да се задржи и во иднина.
Банките во овој период, исто како и останатите стопански гранки, се соочија со намалени активности и намалени приходи по многу основи – од оние за провизии (со оглед на бесплатното користење на електронското банкарство), преку помалку пласирани средства по пат на кредитирање, што е и една од главните дејности на банките. Истовремено, исплатата на каматите по основ на депозити мора да тече и во вакви услови. Оттаму сосема е нереално да се очекува дека може да се направи отпис на каматите, бидејќи тоа пред се’ е спротивно на прописите за банкарско работење.
На крајот на краиштата, пандемијата ќе помине, а на населението и на стопанството ќе им треба поддршка од банките, што значи дека тие треба да имаат средства за тоа и да останат како и досега, стабилни и високо капитализирани.
-Деновиве со поддршка од Вашата матична банка Халкбанк АШ Турција извршивте докапитализација на банката за нови 20 милиони евра. Дали ова се должи на преземените мерки кои де факто значат дека во период од 6 месеци ќе имате намален прилив на средства од кредитите чие плаќање е одложено?
Со цел да се одговори навремено и што е можно подобро на барањата на реалниот сектор во земјава во новонастанатата ситуација, Халкбанк АШ Турција уште на 23 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра.
Ваквата поддршка овозможи Халкбанк на дадената ситуација да одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните. Тоа го вклучува предвременото плаќање данок на добивка за 2020 година, укинувањето на провизиите за користење на електронското банкарство за време на вонредната состојба, како и мерките за поддршка на граѓаните и стопанството со одложување на плаќање на обврските по однос на кредити за шест месеци. Дополнително, на овој начин нашата матична банка ни даде поддршка и за натамошните активности кои ќе следат во поглед на очекуваното зголемено кредитирање, пред се на стопанството.
Со ваквата поддршка, Халкбанк и натаму останува еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк е четврта најголема банка според актива, која со последнава докапитализација сега изнесува 965 милиони евра.
Матичната банка Халкбанк АШ Турција инаку неколку пати досега помогна во зголемување на средствата на Халкбанк АД Скопје. Минатата година беа направени две докапитализации во вкупен износ од 24,6 милиони евра, како уште еден чекор во насока на спроведување на стратегијата за раст на банката.
Bilal- Halkbank-4-Кризата што ја предизвика пандемијата ги насочи корисниците многу повеќе отколку порано да ги користат онлајн банкарските услуги. Халкбанк со години перманентно вложува многу во креирање најразлични производи кои можат да се користат едноставно преку дигиталните мрежи. Дали сметате дека корисниците и во иднина ќе продолжат да ги користат онлајн услугите?
Халкбанк како модерна финансиска институција е една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови во своето работење, обезбедувајќи им на тој начин на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги.
Иако во земјава процентот на онлајн користење банкарски услуги е многу помал од она што е просек во развиените земји, ние сепак перманентно вложувавме и во креирање вакви производи, но и во едукација на нашите корисници со цел и Северна Македонија што поскоро да се приближи кон светските стандарди.
Впрочем, самото време носи неизбежни динамики и трендови, а доаѓаат и нови генерации на едуцирани корисници за кои ваквите услуги се примарен избор. Но, во целата транзиција, ние сме тука и за да промовираме, да едуцираме и да ја поддржиме употребата на алтернативните канали за банкарско работење преку разни механизми. Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни поттикнувачи за насочување на клиентите и кон дигиталното банкарство.
Но, факт е дека периодов на пандемија, ограничувањата на движење и препораките за социјална дистанца, влијаеjа да се сменат навиките на голем број граѓани, наши клиенти, кои на овој начин можеа да ги увидат сите предности на користење на онлајн услугите. Во денешно време, од својот компјутер, лаптоп или мобилен телефон, секој може едноставно да ракува со своите финансии, без потреба да губи време по експозитури и шалтери. А со тоа и да заштеди средства, бидејќи провизиите за користење на услугите кои ги нуди електронското банкарство се пониски од оние кои се наплаќаат доколку се оди на шалтер во банка.
Секој корисник на електронско и мобилно банкарство на Халкбанк преку услугите e-banking и moby banking може да изврши проверка на состојбите на сметките, на кредитните картички, да изврши уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, да врши плаќање комунални услуги, кредити и други дневни трансакции – денарски и девизни, како и креирање шаблони.
На овој начин може да се врши и продажба и откуп на девизи, креирање персонални буџети, потсетници за плаќања, да се аплицира за кредит, но и да се отвора орочен денарски или девизен депозит. За оваа цел го креиравме производот Онлајн депозит кој овозможува едноставно штедење од дома.
Дополнително, многу услуги се достапни и преку нашата мрежа на банкомати, со што исто така се избегнува физички контакт со вработени во банката. Нашиот производ Smart cash, на пример, кој е и единствен во земјава, овозможува повлекување готовина од АТМ на банката без употреба на картичка, и овде мобилниот телефон се претвора во уред за подигање готовина или префрлање средства на друго лице.
За правните лица, освен бенефитот што го имаат од користењето електронско банкарство, Халкбанк нуди и можност за отворање е – продавници, што веќе сега, а и во наредниот период, сигурно ќе расте поради тенденцијата за зголемување на понудата за продажба и купување преку интернет.
-Халкбанк и во овој период продолжи со несебична поддршка на низа проекти кои претставуваат помош за заедницата. Притоа, се определивте за поддршка на проекти кои ќе овозможат по пандемијата граѓаните повеќе време да поминуваат на отворено и да уживаат во нив.
Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Го поддржува спортот, културата, екологијата. Последните два проекти кои ги поддржавме се на некој начин врзани за екологијата и за потребата што повеќе време да се поминува во природа. А сега, со ограничувањата кои се на сила, гледаме дека тоа на сите толку многу ни недостасува.
Неодамна помогнавме на Зоолошката градина во Скопје да оформи нов детски парк за најмладите посетители кадедецата ќе може да уживаат во новите забавни реквизити. Финансиравме и засадување 30 нови дрвја во кругот на Зоолошката градина. Ние како банка, заедно со нашата маскота за детско штедење, слончето Халки, во неколку наврати учествувавме во разни активности преку кои децата се забавуваа, но и учеа за значењето на штедењето и за тоа како да создаваат навики за штедење од рана возраст.
Деновиве, пак, со наша поддршка почна реконструкцијата на сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк. Ова ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија, поставување рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби и други зафати кои ќе ги направат овие мостови побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави.
-Има најави дека во наредниот период ќе дојде до олабавување на мерките кои беа насочени за спречување на ширењето на заразата, а кои секако се одразија на нормалното функционирање на животот. Во тој поглед, во кои насоки ќе се одвиваат активностите на Халкбанк во наредниот период?
Во оваа 2020 година влегуваме со голем ентузијазам поттикнат од она што го постигнавме во 2019 година, односно рекорден профит од 11.4 милиони евра. Забележавме пораст на активата за повеќе од 10%, го зголемивме пазарното учество и во кредитирањето, а истата растечка тенденција е регистрирана и во делот депозити. И токму затоа и очекувањата беа дека во 2020 година ќе го потврдиме сето она за кое се залагавме – поголеми резултати, задоволни акционери и среќни клиенти.
Иако нештата се изменија поради пандемијата, сепак, овие цели ќе настојуваме да ги оствариме во наредниот период. Притоа, новите производи што ќе ги пласираме на пазарот, како и активностите на полето на корпоративната одговорност, ќе бидат уште една потврда на нашиот основен фокус – дека секоја активност и чекор преземен од банката е дефиниран и предодреден од потребата на нашите клиенти, без разлика дали се работи за население или корпоративен сектор.
Во наредниот период сигурно е дека стопанството ќе има сериозна потреба од поддршка од банкарскиот сектор и затоа ние веќе преземаме сериозни мерки за креирање понуди кои ќе бидат прифатливи иќе значат поддршка за реалниот сектор за да може што е можно полесно и побезболно да ги помине предизвиците кои следат.
Во нашиот фокус и натаму ќе бидат малите и средни бизниси кои и досега имаа силна поддршка од Халкбанк.
Ние впрочем во своето работење имаме прифатено еден многу значаен принцип, а тоа е создавање производи и услуги според мерката на клиентот. Таканаречениот tailor – made пристап претставува значен дел од нашата организациска култура и ние секојдневно вложуваме напори во наоѓање начини за унапредување на производите и услугите во насока на пресретнување на потребите на клиентите.
Секако, во фокус ни е и поддршката за населението. Халкбанк и досега во овој сегмент креираше производи кои се најконкурентни на пазарот. Еве, на пример, нашиот Станбен кредит со животно осигурување, кој го промовиравме пред почетокот на пандемијата, има најниска камата на пазарот од 3,2% гарантирана за период од 10 години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс период од 12 месеци. Со негова понуда ќе продолжиме активно и во наредниот период. Или, пак, потрошувачкиот кредит со пакет осигурување од Халк Осигурување кој во овој момент е со 5,2 % фиксна каматна стапка за првите две години.
Едноставно, задоволството на луѓето, нивната сигурност, економската стабилност и доверба и натаму ќе бидат во преден план. Ваквата политика на посветеност кон клиентите е нешто што перманентно се негува во Халкбанк. И тоа се препознава, и од самите клиенти, но и пошироко. Веројатно и затоа реномираното списание Global Finance ја прогласи Халкбанк како Најдобра банка за работа со население.
Нашиот слоган „Важни се луѓето” како сублимирана порака на Халкбанк за сите активности од деловното работење или од корпоративната стратегија, останува актуелна и во периодот што следи.
Во ова време на пандемија кога сите ние поминуваме низ тежок период, Халкбанк е тука да помогне клиентите да можат полесно да го поминат овој период. А кога пандемијата ќе заврши, повторно ќе се радуваме на убавите моменти заедно.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×