„Билд“ објави „бомби“ како се купуваат гласови во Албанија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германскиот дневен весник „Билд“ во денешното изданеие објави ексклузивен напис пропратен со аудио снимка,што според весникот, покажува како се купуваат гласови во Албанија.
bild-ramaВо написот под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“, весникот пренесува снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови ги купиле гласови за партијата на премиерот Еди Рама.
Во разговорите,според „Билд“, главен е мафијашот Астрит Авдулај, кој според истражителите раководи со група што се занимава со меѓународна трговија со дрога.
„Шесте „бомби“ се дел од официјалното досие за судски надзор на кривичната истрага број 339/1 од канцеларијата на обвинителка за антимафија во врска со криминалната активност на меѓународна организација за шверц на дрога позната како криминален клан „Авдули“ во градот Шијак во Албанија. Во текот на месеците на прислушување, се спроведуваат и парламентарните избори во 2017 година, а криминалниот клан на Авдули е вклучен во купувањето гласови и заплашување на гласачите за сметка и во тесна соработка со високи претставници на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, вклучително и градоначалникот на Драч, вториот по големина град во Албанија“, пишува „Билд“.
Во снимките јасно се слуша како тој разговара со директорот на Јавното претпрјатие „Водовод“ во Драч, со градоначалникот на Шијак, со градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако, со пратеници, со граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×