Бишев: Може да се почне бизнис и со малку пари ако имате добра идеја
Објавено на од во Економија

Ако имате добра идеја може да се претвори во бизнис и со малку пари, изјави претседателот на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), Глигор Бишев, одбележувајќи го Европскиот ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни компании.

„Една од највредните компании во светот денес, Apple на пример е стартувана со само 500 долари. Она што е највредно е идејата. Сакаме да ги поттикнеме и охрабриме младите претприемачи со иновативни идеи да ги развиваат бидејќи денешните мали бизнис по 10 години стануваат големи компании. На тој начин може да се динамизира економскиот раст. Европската бизнис асоцијација им стои на располагање на младите претприемачи да им овозможи да се стекнат со  пракса во компаниите во Македонија или пак во нивните матични компании во ЕУ“, истакна Бишев.

Од Фондацијата Конрад Аденауер како организатор, истакнаа дека се силно посветени на поддршка на претприемништвото бидејќи тоа е главен двигател на секоја национална економија.

„Убедени сме дека овој концепт кој што е утврден и како основен економски принцип може да биде рамка што ќе гарантира и економски раст и социјална правда. Само способноста на претприемачот не е доволна за еден бизнис да порасне и да прави профит. Потребна е поголема поддршка во сите развојни фази на бизнисот за да биде тој успешен. За старт ап компаниите особено е потребна финансиска поддршка“, изјави Даниела Поповска од Фондацијата.

Претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Јаромир Левичек изјави дека Европската комисија ја води оваа кампања за поттикнување на претприемништвото бидејќи малите и средни компании се главниот столб на економијата како извор на нови вработувања.

„Европската недела на претприемништвото има за цел да им даде доволно информации на идните претприемачи за поддршката што им е на располагање и да охрабри што повеќе млади луѓе да почнат свој бизнис“, изјави Левичек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×