Бишев: За економскиот раст клучно ќе биде зголемувањето на инвестициите на приватниот сектор
Објавено на од во Компании

Глигор Бишев, претседател на Управен одбор, Шпаркасе банка – Македонија

 

 

Bishev Naslovna

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Како ја оценувате 2018 година според остварените резултати од Вашето работење?

 

2018 година беше исклучително успешна година за Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.  Согласно испитувањето на јавното мислење, Шпаркасе Банка Македонија ја задржа четвртата позиција на препознатливост на брендот и рекламирањето, а од страна на студентите повторно беше избрана за најомилена банка и го доби признанието STUBRAND за 2018 година. Очекуваме  Банката да ја заврши годината со вкупен пораст во кредитите од над 20% и пораст на депозитите од 16%. Притоа, остварувајќи раст од околу 17% во сегментот на кредитирање на населението и раст од околу 22% во сегментот на кредитирање на компаниите. Овие резултати ја позиционираат банката високо во сегментот на средите банки на пазарот, со пазарно учество во делот на работа со физички лица од 4,6% и пазарно учество во делот на работа со компаниите поголемо од 5%. Воедно, во делот на депозитарното и старателското работење, Шпаркасе Банка Македонија успешно го аквизираше и стана банка-чувар на најголемиот пензиски фонд во државата. Во делот на операциите на девизниот пазар, согласно обемот на тргување Банката се рангираше помеѓу топ 5-те банки на пазарот, со пазарен удел од близу 10%. Во 2018 година Шпаркасе Банка Македонија стана препознатлива на домашниот пазар како прва банка која започна со финансирање на start up бизниси и една од првите банки кои во својата понуда на производи за населението ги вклучи ЕКО кредитите за унапредување на енергетската ефикасност и хипотекарните кредити од ЕБРД кредитната линија. Во годината што изминува посветено работевме на дигитализација на интерните процеси, но истовремено и на подготовка за унапредување на нашата понуда на производи и услуги преку дигиталните канали на дистрибуција.

 

-Каков е бизнис планот на Вашата банка за следната година, какви очекувања имате од 2019 година? Го делите ли и Вие оптимизмот на Владата дека следната година ќе биде година на економијата?

 

Деловната стратегија за 2019 година Шпаркасе Банка Македонија не ја засновува само на проектираниот економски раст за 2019 година, туку пред се врз долгорочниот капацитет за раст на Македонската економија. За нас е клучно да се реализираат реформите во сферата на јакнење на ефикасноста на институциите, владеењето на правото и правната држава, одржувањето на макроекономската стабилност, зголемувањето на конкурентноста спрема странство, реструктуирањето на економијата и сл.

 

За економскиот раст клучно ќе биде зголемувањето на инвестициите на приватниот сектор. Најголемиот дел од овие инвестиции ќе се финансираат со кредити на банките. Тука ќе биде клучна стручната експертиза на банките, а пред се стручните знаења во сверата на новите технологии и процеси на работење. Предноста на Шпаркасе Банка Македонија е во тоа што таа може да ангажира тим од околу 1.500 меѓународни експерти во различни технички области од Групацијата кои ќе можат да дадат соодветно стручно мислење за ефикасноста на предложените инвестициони програми и технологии. Согласно со тоа, очекуваме кредитниот раст на корпоративниот сектор во 2019 година да биде висок.

Од почетокот на 2019 година, Банката на компаниите ќе им нуди и кредитна подршка за зголемување на конкурентноста и ефикасноста во рамки на кредитната линија за зголемување на конкурентноста од ЕБРД која ќе вклучува и грант од 15%.

Освен кредитирањето, фокусот на Банката ќе биде насочен и кон активно учество во сегментот на работа со хартии од вредност, унапредување на старателското и депозитарно работење, но и етаблирање како водечка money market и treasury банка за регионот (Албанија, Косово и Србија).

 

-Како ќе се движи кредитирањето следната година: корпоративен сектор vs. граѓани?

 

Постои универзално правило дека за да дојде до раст на економијата неопходни се инвестиции пред се’ од страна на приватниот сектор. Токму тоа ние го очекуваме за претстојната 2019 година. Шпаркасе Банка Македонија на располагање има и технологија и знаење за анализирање на потенцијалните проекти, па соодветно на оценките на нашите стручни лица ќе ги поддржиме проектите кои ќе бидат оценети како одржливи и профитабилни. Тоа ќе го правиме заедно со нашата ќерка-компанија Шпаркасе Лизинг со која заеднички настапуваме при финансирањето, како на физичките, така и на правните лица при набавка на патнички, комерцијални возила, опрема и друго.

-Иновации и дигитализација: Какви нови производи им подготвувате на Вашите клиенти за следната година? 

 

Дигитализацијата, ориентираноста кон потребите на клиентот и соодветно едуциран и обучен продажен кадар се постулати на кој се базира нашата стратегија за раст. Шпаркасе Банка Македонија е веќе етаблирана на пазарот како модерна и иновативна банка која ги следи актуелните  Fin-Tech трендови и излегува во пресрет на растечките потреби на современиот клиент. Симплифицирање на процесите и подобрување на достапноста на производите и услугите од понудата на Банката ќе бидат во фокусот на нашето работење. Тоа секако подразбира дигитализација на продажните и промотивните канали, пред се преку понудата на “брзи“ кредитни и депозитни производи преку online апликации. Банката веќе го пушти во употреба надградениот и подобрен сервис за електронско банкарство за правни лица, а во финална фаза е и делот за физички лица кој ќе биде пуштен во употреба во следната година. Новиот сервис за електронско банкарство освен зголемен број на функционалности, нуди и повисоко ниво на заштита и сигурност за нашите клиенти. Од останатите планови во оваа насока, можам да истакнам дека нашите клиенти во претстојната година можат да очекуваат имплементација на повеќе дигитални решенија како што ќе биде на пример „дигиталниот паричник“, но еден од поголемите проекти ќе биде дигитализација на нашата продажна мрежа преку поставување на self-service киоск уреди во сите поголеми експозитури, кои ќе нудат бројни функционалности нови за нашиот пазар.  Тоа ќе го скрати времето потребно за клиентот да ги заврши своите обврски (трансакции и плаќања) преку каналите на банката од една страна, а истовремено ќе му овозможи и подобар и полесен пристап и увид во сопствените финансии, како и подобар увид во понудата на Банката.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×