Биткоин- најголемиот финансиски феномен на нашето време
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

CTO7777Дигиталната валута слави 10 години

Пред десет години, анонимен криптограф ги изложи принципите на автономната “онлајн” валута, која може да постои надвор од досегот на владите и централните банки. Денешната нестабилност на биткоинот ги полнинасловните на медиумите. Но, технологијата која стои зад оваа валута, блокчеинот се чини дека ветува многу поголема и подлабока промена.
“Blockchain има потенцијал да го промени начинот на кој купуваме и продаваме, начинот на кој соработуваме со владата и ја потврдуваме автентичноста на сè, од сопственост па се до потеклото на органскиот зеленчук”, велат аналитичарите од Goldman Sachs Investment Bank.

 

Дигиталната валута биткоин е еден од најголемите финансиски феномени на нашето време. И додека нејзината повремена рекордна пазарна вредност ги подгреваше соништата за брзо богатење, овогодинешниот пад предизвика стравувања дека биоткоинот може да се распрсне како балон од сапуница.

Биткоин е лансиран од анонимен криптограф пред 10 години под името “Сатоши Накамото”, кој ги објави принципите на автономните дигитални пари. Неговите идеи беа револуционерни: нова дигитална валута која би немала контрола од централните банки и ќе нема национални граници. Наместо тоа, механизмот наречен blockchain ќе обезбедува доверба и сигурност во системот.

Грубо кажано, blockchain е јавно достапна картотека на трансакции кои се снимаат една по друга. Ако некој се обиде да го наруши овој синџир, тоа веднаш ќе биде видливо бидејќи постојат повеќе записи. Така, на пример, овој систем не дозволува користење на виртуелните пари повеќе од еднаш.

Биткоините се генерираат, односно се “копаат”, со користење на сложени компјутерски математички процеси. Количината на биткоини е ограничена и колку што со копањето се доближува до лимитот процесот станува посложен.
Прогласот на Сатоши беше објавен преку мејлинг листа во ноември 2008 година. Два месеци подоцна, беше креиран и софтверот.
Инвестициите започнаа со колапсот на инвестициската банка Леман брадерс, која влезе во криза, кога од никаде се појави биткоинот како алтернатива.

Се верува дека Сатоши Накамото поседува еден милион биткоини, што е околу 6,3 милијарди долари. Тајната на неговиот идентитет е голема загатка што многумина се обидуваат да ја решат. Сатоши буквално комуницирал само виртуелно со своите колеги од светот на биткоинот, пред да се повлече во изолација.
На почетокот, биткоинот беше само игралиште за компјутерските експерти.

Bitcoin and dollar.  BTC market symbol cryptocurrency rising aboЕден од првите кои профитираа од оваа криптовалута беа “онлајн” криминалците. На црните интернет пазари, како што е “патот на свилата”, биткоинот можеше да се искористи за купување дрога и оружје.

Во почетоците, биткоинот го карактеризираа со брзи флуктуации на вредноста, што привлече многу шпекулатори. Вредноста на биткоинот се движеше од неколку евра до неколку десетици евра.

Вниманието на јавноста и ограничениот број на биткоини достигна бројка од околу 21 милион единици, што доведе до вистинска златна треска во изминатите неколку години. Вредноста на валутата скокна уште повеќе.
Заради точно утврдениот број на биткоини утврдени од страна на Сатоши, сложениот процес на копање кој бара многу енергија, подразбира формирање на фарма на сервери.

Во Исланд, кој има евтина геотермална енергија, се развива цела индустрија за копање на биткоини.

Биткоин изгуби две третини од својата вредност оваа година, но чувството на златна треска се уште не потона. Би можело да поминат уште 20 години пред да се ископаат сите можни биткоин единици.
Меѓутоа, технологијата зад биткоинот наречена блокчеин, привлече многу голем интерес од банките, од музичката до автомобилска индустрија. А тоа е затоа што придонесува за безбедноста на онлајн трансакциите.

Критичарите на биткоинот велат дека ланчаниот систем е бавен и тромав, но застапниците на технологијата тврдат дека тие проблеми може да се решат и дека потенцијалните безбедносни придобивки се огромни.
“Технологијата се уште е во раната фаза на развој, треба да созрее за да може да се развие за употреба во други цели”, вели професорот Кристоф Меин, експерт за технологија и системи за интернет на Универзитетот во Потсдам.

Финансиската индустрија има сличен поглед за оваа технологија:
“Blockchain има потенцијал да го промени начинот на кој купуваме и продаваме, начинот на кој соработуваме со владата и ја потврдуваме автентичноста на сè, од сопственост па се до потеклото на органскиот зеленчук”, велат аналитичарите од Goldman Sachs Investment Bank.
Blockchain нуди едноставен и сигурен начин за да се верифицира скоро секој тип на трансакција, што исто така ја елиминира потребата од посредник или централизирани точки за потврда.

Блокчеинот нуди едноставен и сигурен начин за верификација на скоро секој тип на трансакција, што исто така ја елиминира потребата за медијатор или централизирани точки за потврдување.

Станува збор за технологија која може да наруши голем број индустрии, доведувајќи ги во прашање долготрајните бизнис модели, од осигурување до недвижен имот.

Но, додека главниот фокус во јавноста се става на големите осцилации во вредноста на биткоинот, се занемарува колку технологијата која стои зад оваа дигитална валута е револуционерна.


Се уште не се знае кој е вистинскиот Сатоши Накамото

Постојат многу шпекулации за тоа кој всушност стои зад Сатоши Накамото. Така, американскиот магазин Newsweek во 2014 година објави статија тврдејќи дека Накамото е пензиониран калифорниски инженер и дека тој навистина така се вика. Но, тој човек го негираше сето тоа.
Потоа, во 2016 година, се чинеше дека тајната е разјаснета. Австралискиот претприемач Крег Рајт, кој е инаку добро познат на биткоин сцената, изјави дека тој е Сатоши Накамото и тоа се обиде да го докаже со таканаречениот крипто-клуч на пронаоѓачот. Но, други експерти брзо изразија сомневања во врска со неговите тврдења. Рајт објави дека ќе ги отстрани сите сомневања со вршење на некои трансакции во оригиналниот пакет биткоини Сатоши, но тоа никогаш не го оствари. Така прашањето за тоа кој е Сатоши Накамото останува неразрешена мистерија.


Биткоин индустријата ослободува издувни газови колку цела Австрија

Истражувачите од Универзитетот на Хаваи неодамна објавија студија според која во процесот на генерирање на биткоини се ослободува еднакво количество издувни гасови како во цела Австрија. Иако оваа студија веќе се најде на удар на критиките, таа треба да се сфати како предупредувачки знак. На крајот на краиштата биткоин системот е така конципиран што секојдневно бара постојано зголемување на компјутерските капацитети, а со тоа и се повеќе и повеќе електрична енергија.

Научното списание Нејчр неодамна објави истражување во кое се тврди дека само биткоинот може да ја зголеми глобалната температура над катастрофалниот праг за повеќе од два степени Целзиусови до 2034 година, ако употребата на криптопатите се зголемува со досегашното темпо.

Само минатата година, како последица на копањето на биткоини 69 милиони тони јаглероден диоксид бил ослободен во атмосферата. “Бидејќи биткоинот станува сè попопуларен, потребата за енергија драматично се зголемуваат. Ова значи дека за само две децении, употребата само на оваа криптовалута, без да се земат во предвид другите фактори, може да ја зголеми температурата на Земјата во просек за два степени “, се вели во Истражувањето.
За колку голема потрошувачка станува збор сликовито говори податокот дека “копачите” на биткоин од целиот свет трошат струја двојно повеќе од потрошувачката на струја на соседна Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×