Централна банка на Англија: Биткоин револуцијата може да биде следниот интернет
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Централната банка на Велика Британија -Bank of England (BoE) објави анализи за криптовалутите, како што е Биткоинот, во кои сугерира дека електронските пари можат да предизвикаат тектонски поместувања во индустријата за плаќања

Електронските валути може да направат револуција во начинот на кој Британците ги плаќаат производите и услугите, на ист начин како што интернетот  го промени начинот на кој што пристапуваме до информациите”, се вели во анализата на Bank of England.

Непаричните форми на плаќање како криптовалутата Биткоин комбинирано со мобилната технологија може да ги  преобликува механизмите за сигурни плаќања.
Додека традиционалните валути, вклучувајќи ја фунтата се покриени од централните банки, се предупредува дека нови алтернативи им дозволуваат на индивидуалните лица да прават плаќања без вклучување на трета страна.

Банката може самата да креира дигитални валути, овозможувајќи овој систем да стане достапен, како што тоа го прави денес со банкнотите. Потребни ќе бидат истражувања за да се развие технологија, без да се компромитира улогата на централната банка да ја контролира валутата и да го заштити системот од системски напади”, се вели во анализата на Централната банка на Англија.

Идејата земјите да издаваат свои сопствени електронски валути доби на важност во изминативе недели откако Јанис Варуфакис стана министер за финансии.
Варуфакис пред да ја преземе оваа функција сугерираше дека технологијата на Биткоинот, соодветно адаптирана, може да ја зголеми профитабилноста во еврозоната како оружје во борбата против дефлацијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×