Биткоинот падна под „магичните“ 2.000 долари … и брзо закрепна
Објавено на од во hi-tech & business

Кога на 21 мај биткоинот првпат во својата историја ја прескокна вредноста од 2.000 долари, тоа беше вест на денот, и причина многумина да почнат барем да се интересираат за криптовалутите. Посебна приказна е огромниот раст на интересот на „копање“ (mining), што предизвика недостаток на одредени модели графички картички на пазарот.

Вредноста на биткоинот и натаму одеше горе-долу, како што е и вообичаено, за на 11 јуни да стигне до вредност од скоро 2.900 долари. Со подлабокото навлегување во летото еуфоријата малку стивна, и викендов се случи, првпат откако биткоинот премина 2.000 долари, вредноста да падне под оваа „магична“ граница. Во неделата биткоинот вредеше 1.830 долари, а го следеа скоро сите други криптовалути.

Кризата траеше 24 часа, многумина скептици веќе ликуваа со зборовите „ви реков“, но веќе во понеделникот вредноста на биткоинот одново порасна, за денеска да е веќе 2.319 долари (во моментот на пишување на текстот).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×