Биткоинот по долго време падна под 9.000 долари
Објавено на од во hi-tech & business

На крајот на 2017 година, на дневно ниво следевме вртоглав раст на цената на биткоинот, но годинава скоро цел јануари најпознатата криповалута беше во пад. 2018 ја почна со околу 15.000 долари, накратко во првата недела скокна и на над 17.000, и оттогаш со дневни флуктуации, повеќе-помалку постојано му паѓа цената. Овој пад не се запре ниту на некогаш силната психолошка граница од 10.000 долари, туку продолжи и после тоа.

Така, првиот ден од февруари цената на биткоинот падна и под 9.000 долари (во моментов е околу 8.300), како резултат на неколку фактори. Прво, продолжи ширењето на FUD-от (fear, uncertainty and doubt: страв, неизвесност и сомнеж) од далечниот исток – Јужна Кореја и натаму најавува, па ги повлекува, теории за евентуална забрана на криптовалутите. Истовремено на сила стапи и тамошниот закон за задолжителна регистрација и илегалност на анонимното тргување, за да се спречи перењето пари преку крипто-пазарот.

Понатаму, Facebook речиси истовремено објави дека ќе ги забрани сите огласи врзани за криптовалути, а Индија преку својот министер за финансии, исто така, најави оти ќе стави крај на финансирањето нелегални активности што се врши преку криптовалути.

Тука е и истрагата за крипто-менувачницата Bitfinex – американските финансиски регулатори се сомневаат дека тимот што стои зад Bitfinex и tether, криптовалутата врзана за доларот, вештачки ја „надувувала“ цената на биткоинот последните месеци, „штанцајќи“ преголеми количини „тетер“ без покритие. Манипулацијата со цената засега се докажува со тесната временска поврзаност на креирањето нови „тетери“ и на растот на цената на биткоинот, што се чини прилично сомнително.

Сето ова доведе до пад на довербата во криптовалутите, барем на краток рок, и последните два дена предизвика падови на цените на водечките дигитални коини за 10-20%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×