Биткоинот скокна и на 15.000 долари – и покрај хакирањето на NiceHash
Објавено на од во hi-tech & business

Ударната вест од вчерашниот ден – дека биткоинот достигна вредност од 12.000 долари, застари во рекорден рок – во тек на изминатите 24 часа продолжи брзиот ритам на растот на цената на оваа криптовалута, која утрово осамна на вредност од над 14.500 долари, за веќе во претпладневниве часови да надмине и 15.000 долари – само девет дена откако беше на „магичната граница“ од 10.000 долари.

Се работи за раст од над 40% за малку повеќе од една недела, односно за дури 15 пати од почетокот на годината, а до крајот на 2017 има уште повеќе од три седмици.

Но, не се сите вести од светот на биткоинот само позитивни. Вчера корисниците во текот на денот почнаа да пријавуваат проблеми со пристапот до своите сметки на NiceHash, еден од многубројните сервиси што нудат чување на криптовалути во паричници (wallets) и тргување со процесорското време за „копање“ на истите. Од NiceHash прво објавија дека системите им се во фаза на одржување и оти се недостапни од таа причина, за неколку часа подоцна да објават дека се хакирани.

Откриено е дека дошло до пробивање на нивните безбедносни заштити, при што одреден број биткоини се украдени од дигиталните паричници на корисниците. Досега се непознати размерите на овој хакерски грабеж, но претпоставките се дека не се работи за мала сума. Првите информации зборуваат за над 60 милиони долари вредни биткоини.

Во NiceHash веруваат дека ќе можат да ги пронајдат украдените биткоини, и оти својата услуга во најкраток можен рок одново ќе ја стават на располагање на корисниците – со засилени мерки на безбедност. Дотогаш на корисниците им препорачуваат да ги променат своите лозинки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×