Бившиот хрватски премиер Санадер осуден на 4,5 години затвор за корупција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Тој треба и да врати 2,3 милиони евра што ги примил како мито при купувањето на една приватна зграда од страна на државата.
ivo-sanader

 

 

 

 

 

 

 

Поранешниот хрватски премиер и претседател на партијата ХДЗ Иво Санадер против кого се водат неколку судски процеси за корупција, денес е неправосилно осуден на  казна затвор од 4,5 години за примање поткуп, јавуваат хрватските медиуми. Во случајот “Планинска“ на загрепскиот Жупаниски суд тој е прогласен за виновен, четири години по почнувањето на процесот. Освен Санадер, за виновни се прогласени и Стјепан Фолиќ и Младен Млинаревиќ, како и две компании – Месарници  Фолиќ и Центарот за репродукција во сточарството. Според обвинението, државата е оштетена кога Министерството за земјоделие на чие чело бил Петар Чобанковиќ во 2009 година купило зграда во улица Планинска во Загреб од компанијата на Стјепан Фолиќ, тогашен пратеник на ХДЗ во парламентот, за што Санадер, според обвинителите примил од Фолиќ 2,3 милиони евра провизија.

“Оваа пресуда очигледно, како и другите две, е базирана на лажни искази на сведоците коишто се наградени со лупење компири затоа што ме кодошеа. Висината на казната не сакам да ја коментирам, а на пресудата ќе се жалиме“, изјави Санадер по излегувањето од судот утрово.

Тој треба да врати и 17-те милиони куни (2,3 милиони евра) за коишто беше обвинет дека ги примил како мито  во 2009 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×