Бизинс секторот бара да се вклучи во измените на Законот за финансиска дисциплина
Објавено на од во Економија
Бизнис секторот бара да биде вклучен во процесот на измените на Законот за финансиска дисциплина со сите досегашни нотирани недостатоци, меѓу кои повластената положба во рокот на исплатата на обврските кај државните субјекти во однос на условите со кои се соочува бизнис заедницата, недоволните капацитети на инспекцискиот надзор кој сега ќе се промени во делот на надлежностите, како и ефектите врз исполнувањето на договорите.
slik-6Ова се дел од заклучоците, коишто денеска се нотираа на инфо сесијата во Штип на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори”. Во Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива се вклучени четирите најактивни стопански комори во земјата: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија со цел да се подобри бизнис регулативата.
Павлина Димовска правен советник на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива вели дека мора да се обезбеди правна заштита, како и владеење на правото.
-Врз тие принципи може да се подобри бизнис климата во земјава. Законот за финансиска дисципплина во кој би биле вклучени барањата на приватниот сектор за олеснување на наплата на долговите и правилна имплементација од страна на државните органи согласно европските пракси би добиле многу поголема ефикасност, вели Димовска.
Според некои од експертите сегашното законско решение предизвикува нерамноправна положба на компаниите на пазрот на труд. За тоа најмногу придонесува фактот дека кога должат на државата, нејзините институции за да си го наплатат долгот веднаш ги блокираат сметките на компаниите, но тие за своите пари чекаат и со години. Меѓу предложените измени во Законот за финансиска дисциплина е да се намали надоместокот за задоцнето плаќање и надзорот од УЈП да се префри во Државниот пазарен инспекторат.
Сегашниот Закон за финансиска дисциплина со последните измени се применува од  2014 година. Веќе е во процедура неговото усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции на Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×