Бизнис ангели и претприемачи
Објавено на од во Start-up

Biznis angeli WEBДали е тоа пар  споен на “небото“?

Повеќе од половина од инвестициите на бизнис ангелите не успеваат, но зошто? Колку од тоа може да се препише на вродената ранливост на старт – ап бизнисите?

Сигурно дека ако имате бизнис ангел ентузијаст во бордот, кој е желен да обезбеди навремено финансиско вбризгување за да го осигури успехот, треба да значи дека стапките на неуспех,  т.е оние кои ќе го остават бизнис ангелот без пари доаѓаат до фазата на излез и треба статистички да бидат на подобрата страна. Сепак, ова очигледно не е така.

Во идеален свет претприемачите и бизнис ангелите се создадени едни за други, вистинско поврзување направено во “рајот“. Едноставно кажано, најчесто старт – ап компаниите имаат потреба од пари и ако изгледа како добра идеја, повеќето ангели инвеститори во потрага по нови можности се желни да ги снабдат – и да направат пристоен поврат за пет години или можеби помалку. Идеално, претприемачот ги добива своите пари, основа одржлив бизнис и ангел инвеститорот јава кон профитот – зајдисонцето спремен да го финансира следниот потфат.

Но, животот не е така едноставен. Добрите односи се од суштинско значење за стабилноста и успехот на бизнисот. Односите не мора да бидат цело време срдечни, дебатите и алтернативните гледни точки се здрави и можат да бидат продуктивни, но како и во сите односи во животот, одредени елементи мора да бидат на место со цел да се осигури дека односите нема да се заплеткаат и дека нема да станат деструктивни.

Додека некои бизнис ангели ќе гледаат повеќе на структурите на бизнисот и идеите и иновациите што тие бизниси ги носат на пазарот, би било грешка да се игнорира важноста на поединците кои го водат бизнисот – менаџмент тимот и лицето/личностите што ги предводи/предводат нив.

Најуспешните инвеститори треба да платат прилично големи износи во два или три бизниси за кои што знаат нешто и чиј менаџмент е доверлив, барем тоа е она што најостроумните инвеститори би го препорачале.

Не сите ангели инвеститори се претприемачи

Не е лесно да се дознае дали менаџерите на бизнисот во кој инвестирате се доверливи. Прво мора да се воспостават односи. Често, зборуваме за односи како постоење на правилна хемија и тоа е од суштинско значење за ангел инвеститорот да ја почувствува таа хемија кога ќе се сретне со претприемачот каде што сака да инвестира во наредните четири, пет или можеби повеќе години.

Тоа не е лесна задача. Не сите ангели инвеститори се претприемачи и многу претприемачи ги немаат правилните инстинкти или идеи за да го направат нивниот бизнис успешен дури и со помош на инвестиции. Секогаш можат да постојат јазови во годините и искуството помеѓу бизнис ангелот и претприемачот. На пример, амбициозна 18-годишна личност штотуку излезена од училиште, полна со идеи и ентузијазам. Бизнис ангелот кој инвестира во бизнисот може има богато искуство кое ќе го понуди, но дали тој/таа ќе биде способен да го пренесе тоа знаење, како и пари, за да се обезбеди успешна иднина? Може да има јазови во годините и разбирањето, како и во искуството.

Доколку и ангел инвеститорот и претприемачот имаат недостиг на потребното искуство за започнување и развој на бизнис, односите може за двете страни да се претворат во долго пронаоѓачко патување, кое потоа може турбулентно да се заплетка. Без разлика колку пари се инвестирани, барем едната страна треба да знае како најдобро да ги употреби, а и двајцата, инвеститорот и претприемачот, треба да бидат способни да работат заедно и да имаат усогласени интереси со цел да се постигне успех и позитивен поврат на инвестициите.

Инвестирањето премногу пари прерано може да биде погубно  за старт – ап бизнисот, особено кога на претприемачот може да му недостига фокус или кога е склон кон преземање ризици со вашите пари. Ова нè враќа назад на темата за односите, едноставно кажано, улогата на бизнис ангелот не е само да инвестира пари, туку и да додаде вредност. Според тоа, за да успеат односите, претприемачот мора да биде флексибилен, да сака да работи под менторство, да работи како дел од тим и да биде штедлив со парите кои му/ѝ се на располагање.

Работењето според овие совети треба да обезбеди дека барем (колку што дозволуваат пазарните сили) бизнисот ќе биде тој што не успева, а не бизнис односите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×