Бизнис форум за развој на конкурентоста на националната економија
Објавено на од во Економија
Бизнис форум „Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на конкурентоста на националната економија“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Untitled-design-9-850x476Форумот се организира во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари“.
Бизнис форумот има за цел да ја олесни понатамошната соработка меѓу релевантните чинители (мали и средни претпријатија, стопански комори, јавни и образовни институции, здруженија на граѓани) за заеднички настап и учество во активности за подобрување на конкурентоста на национално ниво, на дологорочен план.
Форумот ќе даде посебен акцент на истражувачките и развојните аспекти на процесот на развој на конкурентноста и развојот на националата економија, преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.
Темите на кои ќе се говори се создавање на услови за поттикнување на инвестициите и инвестирање во постоечките мали и средни претпријатија, можности за раст и развој на мали и средни претпријатија и поттикнување на економската конкурентност на државата преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×