Бизнис грешката што Бил Гејтс го чинела 400 милијарди долари
Објавено на од во Компании

Иако коосновачот на Мајкрософт има направено многу добри работи за време на неговата кариера, има и такви на кои не е премногу горд.

BillGates-Paris-ftrКоосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја откри причината за која најмногу се загрижувал додека бил во компанијата.

И според неговите зборови, најголемиот неуспех што го направил е невозможноста за воведување на “Мајкрософт” во цврста позиција во војната за паметниот телефон.

– Во светот на софтверот, ова се работи што го земаат целиот пазар. Најголемата грешка што ја направив беше тоа што не успеав да го направам Мајкрософт да стане она што е Андроид. Има само едно место за оперативен систем, освен за Apple. Тоа беше позицијата каде Микрософт требаше да победи. И колку тоа место вреди? Четири стотици милијарди долари. И сосема ме збунува фактот што направив една од најголемите грешки на сите времиња. Точно, имаме и други производи за кои сме една од водечките компании, но да успеавме да ја сториме уште таа една работа, ќе бевме водечка компанија, рече тој.

Гејтс, исто така, презеде целосна одговорност за не реагирањето во новата ера на паметниот телефон.

Извршен директор на компанијата беше Стив Балмер во тоа време, кој е познат по исмевањето на првиот iPhone и нарекувајќи го “гаџет од 500 долари” и “најскапиот телефон во светот”.

Во една прилика тој дури и рече дека iPhone нема да заземе голем дел од пазарот.

Оттогаш, Apple има продадено повеќе од две милијарди iPhone телефони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×