Бизнис клима за ИКТ индустрија – Како да се стимулира растот на работна сила во ИКТ?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претставници на бизнис заедницата од Битола посочуваат дека континуирана е потребата од човечки ресурси во ИКТ индустријата, а недостигот од работна сила може да се дополни со конкретни мерки.
Technology_1Според Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ, Стопанска комора за ИКТ, потенцијалните предлози и решенија од бизнис заедницата ќе бидат проследени до надлежните институции за да придонесат за развојот на ИКТ во заедницата.
„Овој сектор е значаен за компаниите, но и за младите кои треба што повеќе да навлегуваат во ИКТ индустријата и да остануваат да работат во нашата држава. Растот на ИКТ секторот е значителен и видлив, ИКТ индустријата е извозно ориентирана и обезбедува девизен прилив, но проблем е тоа што има недостиг на квалитетни кадри и исто така е видлив трендот на иселување на квалитетните кадри од државата. Ние сакаме да расте бројот на вработени во македонските компании“, посочи Прличкова.
На денешниот Форум во Битола беше соопштено дека во 2018 година во Северна Македонија, во околу 2.000 компании од овој сектор биле вработени се околу 13.000 лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×