БИЗНИС ПЛУС: Како станавме успешна регионална приказна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Информативен сервис без кого што не може да го почнете денот

Три години на балканскиот медиумски пазар, четири регионални конференции зад себе, шест партнери, меѓу кои и Капитал…Бизнис плус и неговиот Бизнис клуб, продолжуваат и понатаму да нудат квалитетни информации и да ги поврзуваат деловните луѓе од регионот.

Сe почна како желба и замисла поткрепена од ентузијазмот на уредниците и сопствениците од шест балкански медиуми, иницирана пред повеќе години за време на нивните официјални средби и неформални дружења. Идеја да се даде збогатена понуда на економски вести и анализи од поранешните ЈУ републики, со тоа што ќе се искористи искуството, знаењето и професионалноста на сите новинари од овие медиуми, и преку нивна синергија да се обезбеди поголема додадена вредност за читателите од регионот. Во 2011-та, во Охрид, каде што домаќин беше Капитал, си подадовме рака и почнавме да ги цртаме контурите на новиот медиумски продукт, новата онлајн платформа која ги обедини љубљански Финанце, загрепски Бизнис.хр, белградски Нови магазин, Ослобоѓење од Сараево, подгорички Вијести и Капитал Медиа Груп, како партнер од Македонија. Една година подоцна, на Викенд медиа фестивалот во Ровињ, Хрватска, и официјално беше промовиран Бизнис плус, чие мото од почетокот беше дека тоа е “информативен сервис без кого што нема да може да си го замислите утрото“.
“Бизнис плус го направивме затоа што сфативме дека на бизнисмените сe почесто им требаат дневни содржини полни со информации за важните случувања во регионот. На читателите нема да им ги доставуваме информациите кои другите медиуми веќе ги пренеле, туку ќе понудиме локален пристап и ексклузивни информации, кои ќе им ја олеснат работата во регионот. Бизнис плус е нешто што требаше одамна да се случи. Овој проект е голема можност за бизнисмените од регионот на Југоисточна Европа, преку која ќе добијат интегриран простор на информации, анализи, коментари и појаснувања за бизнисот во државите од овој простор“, изјави Љупчо Зиков, сопственик и директор на Капитал Медиа Груп, при свеченото потпишување на договорот за соработка помеѓу шесте партнери на Бизнис плус.

Поврзување на бизнисмените од регионот

Како и секој жив организам, така и Бизнис плус растејќи се менуваше изминативе три години откако е формиран, менуваше дизајн, содржини…некои членки излегоа од проектот, други дојдоа на нивно место, како што е тоа Привредни вјесник од Хрватска. Но, нашата мисија остана иста – брзи и квалитетни информации за сите деловни луѓе од регионот. Отидовме и чекор понатаму. Зошто да не ги поврземе истите тие деловни луѓе. Тоа и го направивме. Во Скопје во септември 2013-та организиравме регионална средба на која што го претставивме новиот Бизнис клуб на Бизнис плус, чија што цел е да ги поврзе компаниите од Балканот и пошироко, да соработуваат меѓу себе, да прават повеќе зделки и заеднички проекти. На средбата најавивме и организирање на конференции каде што деловните луѓе ќе може да се запознаат и иницираат соработка. Зад нас се веќе три успешно организирани регионални бизнис конференции: во Загреб, Будва и Сараево. Вкупно, ги посетија повеќе од 500 учесници, во прв ред директори и членови на управи на компании од Балканот, но и уредници, директори и новинари од партнерските и другите медиуми од регионот.
Деновиве, партнерите во Бизнис плус ги привршуваат подготовките и за Четвртата регионална конференција, која ќе се одржи на 26 март 2015, во хотелот Crowne Plaza во Белград. Очекуваме преку 200 учесници пред сe од бизнисот, но и од политиката и медиумите од повеќе од шест земји. средбите ќе се одржат во бизнис – пријателска атмосфера и на учесниците покрај корисните информации од подготвената програма и новите контакти, им нудиме и можност за дружење во опуштена атмосфера со бизнис луѓе од повеќе од шест држави, меѓу кои покрај бизнис, се раѓаат и сe повеќе пријателски односи.
Бизнис плус уште повеќе ќе го развиваме, а во ширењето нема да се ограничиме само на овие држави, бидејќи планираме да ги вклучиме и останатите земји од регионот. Успешната приказна ќе продолжи да се раскажува…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×