Бизнис предизвиците на евентуалната пост-ЕУ Британија
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

dreamstime_xl_66516865Кои се опциите на Лондон во случај на Brexit?

Наспроти извесните ризици што за британскиот извоз би ги преставувало напуштањето на ЕУ, приврзаниците на Brexit-от даваат аргументи зошто Велика Британија не треба да стравува од склучувањето нови трговски договори. Но, анализите покажуваат дека ниту едно трговско сценарио по евентуалното излегување од ЕУ не е без големи мани и компликации

 

И претседателот на САД, Барак Обама, ја предупреди Велика Британија дека ако го избере Brexit, може да се најде „на крајот од долгата опашка“ што чека нов трговски договор. „Едноставно велам дека ќе биде тешко да се направи нов трговски договор. Многу време одзема, и Велика Британија може да не успее да се договори со САД побрзо отколку Европската унија“, изјави Обама во интервју за BBC за време на неодамнешната посета на Лондон. Во случај на 23 јуни Британците да гласаат за напуштање на ЕУ, „може да помнат пет или десет години пред реално“ да склучат нов договор со САД, објасни претседателот на САД. Аналитичарите оценија дека ефектот врз ставовите на Британиците на овие изјави бил минимален. А каков избор има официјален Лондон за предоговарање на трговските односи со светот во случај на излегување од ЕУ, анализираа Financial Times и Reuters.

Бесцаринска трговија наместо царинска унија

Велика Британија тешко дека би сакала да влезе во царинската унија на ЕУпо примерот на Турција. Со учество во неа државата би добила директен пристап до стабилните европски пазари, но нема да ги ужива предностите од другите договори што унијата ги склучува. Поверојатно изгледа да успее да склучи договор со ЕУ за бесцаринска трговија. Унијата веќе има многу вакви договори, а и британски стандарди се усогласени со европските, што ќе го олесни преодот. Од друга страна, вакви договори обично се дел од поголеми трговски договори. Освен ова, некои членки на ЕУ веќе се заканија со сериозни преговори ако Британија ја напушти Унијата. Тоа значи дека Лондон најверојатно ќе треба да преговара одделно за илјади производи со доскорешните партнери. Евентуалниот договор треба да ги уреди многуте прашања, како правилата за потекло на стоката, за да не се претвори Велика Британија во задна врата за увоз на производи од трети страни во ЕУ.

Слободна трговија или не?

cameron-osborne-gettyВелика Британија сигурно ќе сака трговски договори со колку што може повеќе од стратешките играчи. Канада веќе применува сличен модел, но тој може да не функционира добро за Британија, најмалку поради тоа што вклучува само делумно отворање на пазарот за финансиски услуги, кој, пак, прави огромен дел од британската економија. Приврзаниците на Brexit посочуваат дека државата има огромна предност во случај на „канадско сценарио“. Повеќето членки на ЕУ имаат негативен трговски биланс со Велика Британија, а ЕУ како целина го купува скоро половината од извозот на земјата. На Островот, пак, завршуваат околу 10% од извозот на останатите 27 еврочленки. Министерот за финансии, Џорџ Озборн. неодамна изјави дека канадската варијанта би ја оставила економијата за 6,2% помала до 2030 година, во споредба со случајот на останување во ЕУ.

Швајцарска опција

Приврзаниците на Brexit често го посочуваат договорот постигнат меѓу Кина и Швајцарија, како пример и за Лондон. Но, во него Швајцарците не успејаа да договорат пониски кинески увозни царини за своите часовници. За пристап на Швајцарците до единствениот пазар на ЕУ, плус EFTA (European Free Trade Association), тие плаќаат годишно во буџетот на ЕУ, прифаќаат еден куп европски пазарни правила и слободно движење на граѓаните на ЕУ. Но, тие немаат право на трансгранични финансиски услуги. Британските политичари ќе треба да им објаснат на Британците зошто кога веќе гласале за излегување од ЕУ, државата ќе продолжи со непопуларниот трансфер на стотици милиони фунти, и нема да има целосна независност при регулациите. Освен тоа ќе треба да го уреди статусот на три милиони граѓани на државите-членки на ЕУ кои живеат на Островот, и на два милиони Британци во останатите ЕУ-држави.

o-OBAMA-CAMERON-facebookУслугите и финансиите

Секторот за услуги генерира 80% од британската економија. Barclays смета дека веќе во рок од десет години од овој сектор ќе доаѓа половината на британскиот извоз. Но, повеќето сегашни трговски договори изрично ги исклучуваат услугите. Лондон е светски финансиски центар, но малку е веројатно во случај на Brexit Европската централна банка да дозволи некои видови трговија во Сити. Поддржувачите на Brexit велат дека државата им е доволно голем играч за да постигне специјална зделка со ЕУ, и оти германските производители на автомобили или шпанските винари ќе ги пристиснат своите влади за таа цел. Крајна опција е повикување на правилата на Светската трговска организација во односите со ЕУ, поради кои царините меѓу богатите економии и онака се на многу ниски нивоа.Но, и во тој случај ќе претрпат удат британските производители на автомобили, секторот на услугите … Најпосле, Лондон ќе треба да најде луѓе кои ќе седнат на маса за трговски преговори не само со ЕУ, но и со скоро педесет клучни економии низ светот, со кои досега рамките се изработувани преку делегациите на Унијата. Велика Британија вакви преговори не водела самостојно од 1973 година.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×