Бизнис секторот се’ уште се противи на наметнувањето минимална плата од Владата
Објавено на од во Економија

Бизнис заедницата и понатаму останува на ставот дека висината на минималната плата не треба да биде наметната о политиката, туку дека тоа трееба да биде одлука на самите компании. 

danela arsovska„Секој вештачки обид на зголемување на минималната плата за нас не е добар, затоа што, како што знаете приватниот сектор работи секојдневно и е реална материја што се менува на дневна, недела, месечна основа. Треба да ги следиме условите на пазарот. Треба да гледаме како пазарот се менува. Треба да креираме лица кои ќе ги задоволат потребите и треба да влезат на тие работни места. Тоа не можеме да го направиме вештачки“, изјави претседателската на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Арсовска оценува дека минималната плата треба природно да се зголемува според словите на пазарот.

Какко што вели таа, пазарот се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, посебно на работна сила со специфични занимања на што, како што додава таа, треба да се стави поголем акцент, и да биде предмет на една поголема државна стратегија, која, како што вели таа ќе започне од  образованието и начините на генерирање такви кадри, почнувајќи од основното, средното и високото образвоание, но и преку преквалификација и доквалфикација.

Но и Владата не отстапува од својот проект и намера да ја зголеми минималната плата. Па така, министерката Апостолска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиии, кажа дека разговорите околу тоа, колку би изнесувала минималната плата и кога ќе се презицира, продолжуваат, и тоа ќе биде објавено кога ќе има конечна одлука.

„Ова е во фаза на разговори и не би можела да ја прецизирам. Тоа се разговара со бизнис заедницата и дека усогласувањето ќе биде објавено“, рече Апостолска.

„Тоа е заеднички процес. Држвата треба да ги создава условите за поддршка“, рече Апостолска дополнувајќи дека компаниите сами да проценат каде и кој инструмент е најдобар за да задржат вработен, „вклучително и преквалификации доквалификации на нови вработени“, рече Апостолска.

Исто така, таа смета дека не треба вештачи категории за воведување и износи на минимални плати, туку, како што додаде таа,  „тоа да го размислуваат самите компании оти тоа е еден инструмент на задржување на вработени, а потоа квалификациите, преквалификации“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×