Бизнис заедницата испорача 78 мерки до Владата, Заев повика на поголема искористеност на буџетските пари за стопанството
Објавено на од во Економија
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата “ достави пакет од 78 мерки во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата.
danelaПретседателката на ССК Данела Арсовска ги информира премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за 78 мерки, односно приоритети кои во изминатите месеци компаниите ги доставувале до Сојузот и заедно биле разгледувани и анализирани.
Според неа, во изминатата година едни од најголемите предизвици на компаниите се сивата економија и фискалните, односно скриени давачки што, како што рече, претставуваат секојдневно оптоварување и за компаниите и за граѓаните. Таа изрази надеж дека до крајот на оваа година ќе се реализираат дел од овие мерки.
Премиерот Зоран Заев рече дека генерално финансиската ликвидност на државата е одлична.
– Користете ги буџетските пари за поддршка на домашното стопанство, тие ќе бидат се поголеми и поголеми. Благодарение на вашето укажување се направени дополнителни флексибилни методи и мерки за да може да аплицираат повеќе компании, за да искористат уште повеќе од овие средства, порача Заев.
Го најави, она на кое работеле неговиот кабинет и МНР, конечно во пракса да се отвори фондот од 200 милиони евра од Грција.
„Тоа е фонд за Србија и за Северна Македонија, веројатно меѓу 70 и 80 милиони евра се грантови годишно за Република Северна Македонија. Ние насочивме дека најголем дел од овие пари да одат во малите и средните претприајтија за покривање и грантирање на нивни бизнис проекти. Еден помал дел ќе оди за екологија, заштеда на енергија и инвестирање во обновливи извори на енергија“, рече Заев. Додаде дека е на располагање и оти внимателно ќе ги ислуша барањата на компаниите.
Вицепремиерот Анѓушев информираше за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, новите мерки за стучно усовршување на кадарот, како и за новата чешка инвестиција која, како што рече, вчера беше објавена и во чешките медиуми.
„„Локо Транс“ ќе гради фабрика во Гази Баба, во индустрискиот дел на Скопје. Ќе изгради фабрика за шински возила со вредност од 20 милиони евра“, рече Анѓушев, додавајќи дека подготовките за оваа инвестиција се одвивале веќе една година. Во оваа програма, како што рече, ќе бидат опфатени и вработените од „Колска“ бидејќи се во тешка ситуација. Прво ќе бидат упатени на обука, а потоа ќе бидат примени на работа во новата фабрика.
На  традиционалниот Деловен појадок присуствуваа претставници на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, градоначалници… Пораката што деловната заедница ја упати со економските мерки на годинашниот Деловен појадок е сублимирано да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки кои го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат во приватен сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×