Стартапџии, директори и политичари дебатираат денеска на Балканскиот самит за претприемништво во Скопје
Објавено на од во Економија
Бизнисмени од регионов учествуваат на првиот Балкански претприемачки самит во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, на кој  своите искуства на неколку панели ќе ги споделат повеќе од 30 светски признати говорници и претприемачи од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава. 
BES-13.9.2019-10
Самитот кој има обемна целодневна агенда распоредена во 4 панел дискусии и презентирање на лични успешни претприемачки искуства, почна со поздравни обраќања на премиерот и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Зоран Заев и д-р Кочо Анѓушев.
Премиерот акцентот на своето излагање го стави на интегрирањето на земјата во евроатланските организации, интензивирање на регионалната соработка и подршка на владините политики за поттикнување на економскиот раст што крајно треба да услови подобар животен стандард на сите граѓани во земјата.
За да се успее во Бизнисот мора да се изградат партнерства, вели Заев, а економијата е сферата каде најлесно се гледаат ефектите од добрите политики кои се преземаат за подршка на претприемништвото. Во таа насока преку активните владини мерки Премиерот најави дека фокусот во оваа, но и следната година ќе биде во развивање и менаџирање на талентот, инвестиции во човечки капитал како основа за раст и порача дека секој што сака да успее во бизнисот треба да разговара со успешните претрпиемачи.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, цитирајќи ја позната мисла од Линколн дека ако сакате да може да ја предвидувате иднината постои еден начин, а тоа е да почнете да создавате, им порача на младите претприемачи – да го следат и да го развиваат инстиктот, но и да сонуваат, бидејќи само оној кој сонува може да стигне и до реализирање на сонот, односно визијата.
Во име на Стопанската комора на Македонија в.д. Извршниот директор Билјана Пеева-Ѓуриќ, посочи дека претприемачките способности на двајца млади македонски претприемачи оваа година кои се  дел од елитното друштво на „Форбс под 30“ за Европа во категоријата „Социјални претприемачи“ беа препознаени од Стопанската комора на Македонија и токму затоа, и најстарата бизнис асоцијација Стопанската комора на Македонија на Аријана и Бојан Коскарови кои се основачи на моделот за иновативно неформално образование „Creative Hub“ им даде шанса и заедно со нас денес се организатори на овој Балкански претприемачки самит.
Оваа силна поддршка, укажува на фактот дека претприемништвото сите овие години има големо значење, но и дека во суштина, претприемачите се креатори на работни места, обучувачи, иноватори, креатори, преземачи на ризик, активни членови во заедницата и движечка сила во рамките на конкурентноста и растот на економија. Токму од тие причини, потребно е на претприемништвото во иднина да му се даде и поголем приоритет, потенцираше Пеева-Ѓуриќ.
Гости на Самитот се  балкански најуспешни бизнисмени според повеќе параметри,  како што е Васил Наќи, основачот на Agna Group, една од најголемите компании денес во Албанија, раширена во повеќе дености – производство, дистрибуција, градежништво, итн., потоа глобалниот директор за дигитален маркетинг  на Dior, Акаш Мехта, инаку многу влијателен во светот на индустријата за убавина, со околу 300 илјади следбеници на Instagram.  Панелист ќе биде и Танер Акцок,  директор на Finleap, германска компанија којашто во моментов е број еден во Европа финтек екосистем, односно градител на иновативни финтек компании, којашто веќе го доби епитетот „Амазон во светот на новите финансиски технологии. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×