Бизнисмените бараат патишта до Бугарија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Проценките кои ги добивме од Македонско-бугарската стопанска комора говорат дека во моментот кога би се пуштил во употреба нов автопат кон Софија трговската размена би се подобрила за 40% до 50%. За жал ваквата реалност е одложена за некоја изгледна иднина. Како најоптимистичка прогноза за изградба на нов автопат или евентуално пруга кон Бугарија се наведува 2022 година што според стопанствениците е навистина долго време.

И претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека е неопходна подобра инфраструктура. Тој  предупредува дека секое одложување на изградбата на инфраструктурата кон Бугарија им дава предност на конкурентите на нашите компании.

„Инфраструктурата е во очајно лоша состојба и според актуелните проекции нема да се подобри до 2022 година. Тоа на конкурентите им дава огромна предност. Околу евентуалните ефекти од подобрената инфраструктура најдобро зборува автопатот низ Грција кој го скратува за цел еден ден транспортот на товарните возила од Турција кон Западна Европа“, вели Азески.

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски вели дека во услови кога не може многу да се намали „инпутната“ цена на производот, мора да се намалуваат останатите трошоци.

„Мораме да имаме во предвид дека не можеме долгорочно да темелиме развојна стратегија на евтина работна сила. Не може на штета на стандардот на работниците да темелиме некоја развојна политика. Мора да одиме во правец на нови капитални инвестиции кои ќе ги намалат трошоците“, објаснува Темелковски.

Темелковски вели дека потребно е да се дефинираат приоритетни активности и проекти како инфрастуктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба. Како дополнителна идеја се наведува и заедничка енергетска политика, особено околу гасоводите и формирање меѓудржавен инвестициски фонд за извозните компании.

“И двете држави се уште имаат слабости како неефикасната администрација и заштитата на странските инвестиции. Нашето регионално поврзување и развој на економските релации во регионот зависи од отворени граници домашните и странски инвеститори“, вели Темелковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×