Бизнисменот Кочо Анѓушев ѝ донираше кревети и медицински мебел на поранешна “Градска болница“ во Скопје
Објавено на од во Економија
Донацијата е во вредност од 1,5 милиони денари и ќе биде искористена за опремување на еден кат од Одделот за абдоменална хирургија при Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје , кој веднаш ќе биде ставено во функција за за зголемување на капацитетот на клиниката и нејзино ефективно работење.
gradska-bolnica-3-702x459
Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со ново настанатата состојба со Ковид 19, а со цел транспарентно и отчетно работење во периодот на вонредна состојба ја информира јавноста дека е потврдена донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија, кој веднаш ќе биде ставено во функција за за зголемување на капацитетот на клиниката и нејзино ефективно работење.
Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен.
„ Упатувам благодарност за надчовечките напори до колегите кои се справуваат со пандемијата. Во исто време сакам да се заблагодарам и за потврдената донација со која ќе се опреми еден од трите ката кои воопшто немаат опрема. Веруваме дека ќе има и останати лица и компании што ќе се во можност во овие тешки времиња да помогнат со заеднички сили да се избориме против коронавирусот и сите да излеземе победници.“ изјави д-р Љубен Арсенков, директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје.
Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ ќе ја информира јавноста за сите донации кои ќе бидат обезбедени со кои би се зголемил капацитетот на клиниката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×