Бизнисот бара да нема нови избори, а да има попис
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Последниве четири месеци во однос на бројките и економските показатели нема поместувања, но евидентна е релаксираноста на фирмите. Тие веќе размислуваат за инвестиции, но само ако нема нови предвремени парламентарни избори, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

„Кончено, по толку време, има позитивно расположение кај компаниите во однос на инвестициите. Воспоставувањето на новата Влада придонесе за позитивен ефект, пред сѐ на психолошки план. Се размислува за вложувања, нови партнерства и технологии. Се надеваме дека по вториот круг на локалните избори, нема да се калкулира со некоја варијанта на одржување предвремени парламентарни избори зашто тие би имале огромен негативен ефект врз бизнисот“, истакнува извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени.

Тоа, додава Исени, е она што не го очекуваме и не би сакале да се случи. На бизнисот му е потребна правна и политичка сигурност. Во секој случај, раздвиженоста на фирмите дава надеж дека работите одат на подобро.

Во разговорот за МИА, Исени и оперативниот директор Миљаим Амети анализираат и зошто треба да се спроведе пописот на населението.

„Пописот на населението и натаму е едно од најгорливите прашања. Небулозни беа образложенијата зошто не се спроведе. Но, да го оставиме тоа настрана. Неофицијално, многу од младите кадри заминуваат, а не знаеме точно колку, ниту знаеме колку реално жители и домаќинства имаме. Пописот ќе даде јасна слика за тоа каква економска насока ќе фатиме како држава, каде повеќе ќе се фокусираме, во кои области, кој ќе ни биде клучниот таргет“, потенцира извршниот директор.

За потребата од пописот, се надоврзува Амети, зборуваат и последните преговори на СКСЗМ со кинеска компанија која сака да инвестира во Македонија, но се плаши дали ќе има доволно кадар да вработи.

„Бидејќи нема попис, не знаеме со колку работна сила располагаме. Зборувам за млади кадри. Можеме да кажуваме произволно, ама ни требаат конкретни податоци, бројки кои ќе ја одразат вистинската состојба“, подвлече Амети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×