Бизнисот бара конкретни чекори од институциите за справување со сивата економија
Објавено на од во Економија
Потребно е да почне постапката за доброволна регистрација во прва фаза за нерегистрираните субјекти, а доколку одбијат да се регистрираат, да се применат репресивни мерки со изрекување значителни глоби, зашто во спротивно се ризикува и регистрираните субјекти да преминат во сивата зона.
shadoweconomyОва го порача денеска претседателот на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска на денешниот форум „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“ одржан од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Арсовска посочи дека единствено со функционален механизам може да се справиме со сивата економија, која не придонесува во буџетот и ги руши основите на еднаквост врз кои се темели пазарниот систем.
„Бараме конкретни чекори од страна на институциите како носители на механизмите за справување со сивата економија. Предложени мерки се имплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност со што би се регулирало работењето во сивата зона, но и здружена акција на граничните премини за спречување шверц. Да се отпочне постапка за доброволна регистрација во прва фаза за нерегистрираните субјекти, бидејќи доколку не се превенира оваа нелојална конкуренција се ризикува и регистрираните да преминат во сивата зона но и да се дестимулираат и да не се регистрираат претприемачите и сите оние кои се охрабриле да се самовработат“, рече Арсовска.
Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија истакна дека следејќи ги поновите истражувања и искуства, казнените мерки не се единствен инструмент за намалување на неформалната економија.
„Заложбите треба да бидат во насока на системски мерки на даночна политика, дерегулација, мерки за зголемување на даночниот морал, мерки за намалување на корупцијата и реформа на даночната администрација. Сите напори се насочени кон секторско или здружено делување од аспект на регулаторно и деловно опкружување, јакнење на институциите на пазарот на труд, зголемување на инспекцијата на тековите на неформалната економија и подигнување на пошироката јавна свест со бизнис заедницата за значењето и улогата на процесот на формализација на неформалните активности“, рече Шапуриќ.
Љубомир Димовски, директор на Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива истакна дека негативните ефектите од сивата економија ги чувствуваме веќе неколку декади, но веројатно сите компании, институции, владини претставници, би се согласиле дека заедно треба да најдеме решение и стимул како неформалното делување ќе се канализира во формалната економија.
„Овој процес треба да биде постепен и да резултира со трансфер на што е можно поголем број субјекти во формалниот дел од економијата. Превентивното функционирање на инспекциските органи како едукатори и помагачи ќе придонесе за менувањето на моменталната перцепција дека сивата зона е и безбедна зона на работење“, рече Димовски.
Додаде дека покрај директни мерки мора да се размислува и за подигнување на јавната свест за последиците од неформалното работење.
„Неселективното спроведување на законите, едукација на претприемачите, регулирање на „дивите“ места за продажба, се идеи кои веќе треба да добијат конкретни контури. Неопходно е систематски да се намали и притисокот врз компаниите кои работат регуларно, затоа што во спротивно ризикуваме неусогласеност или затворање на субјектите поради борбата со нелојалната конкуренција и огромните потешкотии да се опстои на пазарот“, рече Димовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×