Бизнисот бара поголема контрола на неквалитетните градежни материјали и елементи
Објавено на од во Компании
27112015125912_насловна рехау
Не­ква­ли­тет­ни ма­те­ри­ја­ли и еле­мен­ти вгра­де­ни во ед­на град­ба зна­чат дол­го­трај­на ште­та, ко­ја ре­чи­си е не­воз­мож­но да се по­пра­ви, велат од градежниот сектор

Екс­пан­зи­ја­та на гра­деж­ниш­тво­то што се слу­чу­ва пос­лед­ни­ве две де­це­нии во др­жа­ва­ва, а осо­бе­но во глав­ни­от град, освен гра­деж­ни­те ком­па­нии, ан­га­жи­ра и мно­гу дру­ги ком­па­нии што се со комп­ле­мен­тар­ни деј­но­сти. Со из­град­ба­та на ил­јад­ни­ци об­је­кти, ка­ко згра­ди за ко­ле­ктив­но до­му­ва­ње, здрав­стве­ни комп­ле­кси, др­жав­ни ин­сти­ту­ции, де­лов­ни про­из­водс­тве­ни и ма­га­цин­ски об­је­кти, спорт­ски и друг вид са­ли, но и мно­гу по­ве­ќе ин­ди­ви­ду­ал­ни до­мо­ви, свое ме­сто под биз­нис-сон­це­то про­нај­доа мно­гу од фир­ми­те што се за­ни­ма­ва­ат со про­из­водс­тво на еле­мен­ти што ги со­др­жи се­ко­ја град­ба. Вра­ти, про­зор­ци, еле­мен­ти за по­крив­ни кон­струк­ции, по­кри­ви, за во­до­вод, за од­вод, еле­ктри­ка… се са­мо дел од ра­бо­ти­те што во ми­ли­о­ни пар­чи­ња нај­доа при­ме­на и свое ме­сто во сто­ти­ци­те ил­ја­ди но­во­из­гра­де­ни град­би. Од ед­на стра­на, тоа пре­диз­ви­ка по­зи­тив­но по­мрд­ну­ва­ње на прет­ход­на­та ста­тус­кво-си­ту­а­ци­ја ко­га се во пра­ша­ње ин­ве­сти­ци­и­те и вло­жу­ва­ње­то во гра­деж­ниш­тво­то, што, пак, пре­диз­ви­ка исто та­ка по­зи­тив­ни разд­ви­жу­ва­ња во це­ли­от овој гра­деж­но-комп­ле­мен­та­рен се­ктор.
Во це­ла­та оваа при­каз­на јас­но е де­ка оние што се за­ни­ма­ва­ат со про­даж­ба на ква­ли­тет, си­гур­ност, истрај­ност, по­ткре­пе­ни со га­ран­ции, бе­ле­жат кон­ти­ну­и­ран по­раст и раз­вој на сме­тка на дру­ги­те. Но ток­му та­ква­та со­стој­ба е маг­нет за си­те оние што не раз­мис­лу­ва­ат та­ка, а пре­тен­ди­ра­ат да се за­ни­ма­ва­ат со биз­нис, при­тоа мис­леј­ќи пред сѐ са­мо на брз про­фит.

Не­ква­ли­тет­ни ма­те­ри­ја­ли и еле­мен­ти вгра­де­ни во ед­на град­ба зна­чат дол­го­трај­на ште­та, ко­ја ре­чи­си е не­воз­мож­но да се по­пра­ви. Тер­мо­и­зо­ла­ци­ја­та, звуч­на­та изо­ла­ци­ја, си­сте­ми­те за гре­е­ње, ла­де­ње, во­до­вод и од­вод се мо­же­би нај­бит­ни ко­га е во пра­ша­ње ква­ли­тет­но на­пра­вен дом, кан­це­ла­ри­ја или фа­бри­ка. Про­зор­ци­те и вра­ти­те исто та­ка се ос­нов­ни еле­мен­ти ко­га е во пра­ша­ње оваа гра­деж­но-ин­ве­сти­ци­ска при­каз­на. Од ком­па­ни­ја­та „Ре­хау“, ко­га е во пра­ша­ње из­бо­рот на ква­ли­тет­ни про­зор­ци и вра­ти, ве­лат де­ка не сме тол­ку мно­гу бо­га­ти за да ку­пу­ва­ме евти­но или, пак, мо­же по­ед­но­став­но да се ка­же де­ка мно­гу сме си­ро­маш­ни за да ку­пу­ва­ме евти­но и не­ква­ли­тет­но. Кол­ку и да зву­чи су­ро­во, тоа е ви­сти­на­та.

Сѐ по­го­ле­ма­та по­ну­да ток­му на овие еле­мен­ти, про­зор­ци и вра­ти и сла­ба­та кон­тро­ла на нив­ни­от увоз ко­га е во пра­ша­ње ква­ли­те­тот им пра­ват проб­ле­ми на ли­цен­ци­ра­ни­те и брен­ди­ра­ни про­из­во­ди­те­ли, кои со де­це­нии ра­бо­тат на сво­јот ква­ли­тет, ди­зајн, плас­ман и гри­жа за ко­рис­ни­ци­те.

27112015125926_насловна рехау1„Во др­жа­ва­ва има око­лу 2.000 ра­бот­ни­ци што ди­рект­но ра­бо­тат во се­кто­рот про­из­водс­тво на про­зор­ци и вра­ти. Над 150 фир­ми што ре­дов­но ги пла­ќа­ат си­те да­вач­ки кон др­жа­ва­та ег­зи­сти­ра­ат пред сѐ од до­маш­ни­от па­зар, па би тре­ба­ло да се по­ве­де сме­тка ко­га е во пра­ша­ње кон­тро­ла­та на влез на го­то­ви про­из­во­ди, вра­ти и про­зор­ци, а осо­бе­но на нив­ни­от ква­ли­тет и це­на. Се­то ова по­на­та­му се одра­зу­ва на на­ше­то до­маш­но про­из­водс­тво, но и во по­тро­шу­вач­ка­та на енер­ги­ја, ко­га тие сом­ни­тел­ни еле­мен­ти ќе се вгра­дат во об­је­кти­те“, ни из­ја­ви Са­шко Да­ев, ра­ко­во­ди­тел на „Ре­хау“-Скоп­је, ком­па­ни­ја од­го­вор­на за па­за­рот во Ма­ке­до­ни­ја, Ал­ба­ни­ја и во Ко­со­во, ќер­ка-фир­ма на гер­ман­ска­та ма­тич­на фир­ма „Ре­хау“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×