Бизнисот бара посебен даночен режим за холдинзи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Законската регулатива во Македонија, наместо да стимулира, го дестимулира поврзувањето на компаниите во холдинзите, посебно преку несоодветното оданочување. Бизнисот бара од даноци да бидат ослободени дивидендите кои фирмата –ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата, приходот што холдинг компанијата го остварува при продажба на удел во фирмата ќерка, трансферите на парични средства во рамки на холдингот или да бидат третирани како признати расходи за даночни цели.

„Клучното прашање е зошто холдингот повеќе не е распространет кај нас? Едноставно холдинзите бараат држави со стабилни услови каква за жал не е Македонија. Функционирачки холдинг дефинитивно му е потребен на бизнисот во Македонија, затоа дајте да создадеме услови за тоа да профункционира“, вели Крсто Несторов, консултант за оваа проблематика.

За слични цели се заложи и Денис Ризаов од градежната компанија Гранит кој вели дека една од главните причини за формирање на холдинг е намалување на ризикот на сопствениците.

„Поради тоа потребно е да се создадат дополнителни услови за холдингот да може да си ја извршува својата главна функција“
Според анализите на Стопанската комора и Здружението на правници, македонското законодавство не е во склад со останатите европски законодавства во кои се предвидени ослободувања од данок на дивиденди и капитална добивка.

Дополнително во постоечката законска регулатива холдингот, односно концернот, како посебна форма на организирање не е експлицитно дефиниран.

Што е потребно да се промени во законот?

На минатонеделната дебата на оваа тема компаниите и експертите дефинираат неколку конкретни работи кои треба да се направат за холдингот да стане интересен и во Македонија:

Според нив, треба да бидат ослободени од даноци дивидендите кои фирмата –ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата ,приходот што холдинг компанијата го остварува при продажба на удел во фирмата ќерка, трансферите на парични средства во рамки на холдингот или да бидат третирани како признати расходи за даночни цели.

Понатаму потребно е да се создаде законска можност за консолидација на овие субјекти доколку помеѓу владеачкото друштво и зависните друштва постои непосредна или посредна контрола над најмалку 75% од акциите и сите друштва се резиденти на Македонија.

Според бизнисмените потребно е и враќање на можноста трговските друштва кои се поврзани во холдинг компанија да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс.

Тие додаваат дека би било добро да се создаде и законска можност да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата ќерка која е 100% основана од холдинг компанијата да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата во истата година.

Универзитетскиот професор Тито Беличанец има уште поконкретни барања.

„Потребно е да се формира целосно нов трговски законик кој паралелно од граѓанскиот ќе ги уредува сите овие форми на поврзување кои им се потребни на компаниите за подобро да функционираат. Бизнисмените најдобра знаат што им е потребно, а нас како законодавци ни останува тоа да го уредиме со закон“, вели Беличанец.

Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија Елена Милевска Штрбевска вети дека во претстојниот период ќе се направи се за да се разреши овој проблем.

„Во врска со даночниот третман треба да се направи една добра кост бенефит анализа и да се види какви законски промени ќе се најповолни и за компаниите и за државата. Темата е отворена од компаниите и Стопанската комора во наредниот период ќе направи се за таа да се оствари и во пракса“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×