Бизнисот на финансиските друштва достигна 16,2 милиони евра
Објавено на од во АНАЛИЗА

Euro coins. Euro money. Euro currency.Coins stacked on each otheБрзите кредити со брз раст

Граѓаните зеле брзи кредити од финансиските друштва што не се банки во вредност од 4,6 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Споредено со годината претходно, евидентиран е пораст на одобрените инстант кредити за 12,5%. Меѓутоа, бизнисот на овие финансиски друштва е поголем, и освен таканаречените брзи кредити, опфаќа и издавање кредитни картички со коишто долгот на граѓаните изнесува речиси 5,7 милиони евра, и факторинг, односно преземање на ненаплатени побарувања, што изнесуваат 1,5 милиони евра. Но, целата актива на овие друштва надминува 16,2 милиони евра. Дека овој бизнис зема замав, покажуваат и податоците според коишто лани двојно е зголемен бројот на склучени договори со вкупно 15 финансиски друштва.

 

Граѓаните зеле брзи кредити од финансиските друштва што не се банки во вредност од 4,6 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Споредено со годината претходно, евидентиран е пораст на одобрените инстант кредити за 12,5%.

Меѓутоа, бизнисот на овие финансиски друштва е поголем, и освен таканаречените брзи кредити, опфаќа и издавање кредитни картички со коишто долгот на граѓаните изнесува речиси 5,7 милиони евра, и факторинг, односно преземање на ненаплатени побарувања, што изнесуваат 1,5 милиони евра.

Целата актива на овие друштва надминува 16,2 милиони евра.

Дека овој бизнис зема замав, покажуваат и податоците според коишто лани двојно е зголемен бројот на склучени договори со финансиските друштва. Така, во 2016 година, граѓаните и фирмите склучиле вкупно 11.843 нови договори за некаква финансиска услуга од овие друштва.

Euro-money 938 WEB 01Како што е и очекувано, граѓаните се најголеми корисници на услугите што ги нудат финансиските друштва со 95% од сите договори склучени лани. Но иако  учеството на фирмите во склучените договори е под 5%, финансиските услуги што за компаниите изразени во пари изнесуваат 8,3 милиони евра, што е за четвртина повеќе од одобрените кредити и кредитни картички за населението.

Она што предизвика дебата меѓу економистите во земјава, но и по социјалните мрежи, со квалификации дека станува збор за озаконето лихварство, се условите за задолжување што ги нудат финансиските друштва.

Ако ги анализирате каматните стапки, тие не ги надминуваат законски дозволените ограничувања до 13% на годишно ниво, меѓутоа, она што енормно го зголемува трошокот за еден брз кредит се всушност провизиите и останатите трошоци за одобрување.

Така на пример, за кредит од 12 илјади денари, по еден месец, граѓаните треба да вратат за третина поголема сума, односно околу 16 илјади денари. Пресметките покажуваат дека стапката на вкупни трошоци, што освен каматата ги вклучува и провизиите, достигнува и до 400% на годишно ниво. А постојните закони во земјава ја ограничуваат само висината на каматните стапки, но не и на стапките на вкупни трошоци што е вистинската цена на кредитот.

„Бројот на финансиски друштва во 2016 година прилично се зголеми (од 10 на 15 друштва), а позначителен раст, од 14,4%, бележи и износот на активата. И покрај очигледниот налет на овој тип посредници на кредитниот пазар, тие и натаму имаат незначително учество во вкупната актива на финансискиот систем и во БДП (по 0,2%). Брзото одобрување кредити (но по многу висока цена) и очигледно полабавите кредитни стандарди се главните адути на овие финансиски институции, со кои се обидуваат да се наметнат како позначителен конкурент на домашниот кредитен пазар. Растот на активата на финансиските друштва во 2016 година, произлегува најмногу од зголемените краткорочни побарувања врз основа на одобрените кредити, факторингот и издадените кредитни картички“, пишува во Извештајот за финансиската стабилност на Народната банка.

Аналитичарите на централната банка, дополнуваат дека иако нема доволно расположливи податоци за изложеноста на кредитниот ризик „позначителниот годишен раст на трошоците за исправка на вредност на активните билансни побарувања упатува на зголемување на нивото на ризичност на кредитното портфолио кај овие институции (во 2016 година, трошоците за исправка на вредност на активните билансни побарувања кај финансиските друштва се зголемени за седум пати, наспроти годишниот раст на активата на овие друштва од 14,4%“, пишува во Извештајот.

Економистите коментираат дека зголемениот интерес за таканаречените брзи кредити, покажува дека многу граѓани немаат пари за да ги задоволат своите основни потреби, така што малите плати мора да ги надоместуваат со некакво задолжување.

Дел од граѓаните што ги анкетиравме, имаат искуство со задолжување во некое од финансиските друштва со брз кредит што се добива со аплицирање од мобилен телефон. Велат дека, иако цената што треба да се плати за еден ваков кредит е многу висока, сепак во итни случаи, и ова е една од алтернативите за преживување.

„Едно е што платата за која што работам е многу мала и недоволна за најосновните месечни потреби, а друг проблем е што ниту таа плата не ја добивам редовно. Па откако ќе се потроши и минусот на картичката, а мора да се платат сметките или итно да се купи нешто, лесно може да се добијат 200 евра од овие друштва што се рекламираат насекаде“, ни изјави вработена во еден од локалните кафе барови во Скопје.

Менаџерите на дел од финансиските друштва, потврдуваат дека има голем интерес за онлајн кредитите. Тие велат декa кредитите што ги нудат се наменети за граѓани кои имаат добра кредитна историја и постојани и добри месечни приходи, а намената најчесто е непредвидени трошоци, одмор, лични потреби, враќање на друг долг.

„Друштвото досега нема проблеми со наплатата на одобрените парични средства. Клиентите се задоволни од нашата услуга, а како резултат на тоа ни возвраќаат со нивната лојалност. Се разбира дека има и недисциплинирани клиенти, но нивниот број е многу мал“, изјави неодамна Магдалена Григориева од финансиското друштво Кредисимо.

Таа објаснува дека граѓаните аплицираат онлајн, преку кој било уред со интернет, тие ја проверуваат кредитоспособноста и потоа повторно онлајн се одобрува кредитот, што ги разликува од процедурите во банките.

Euro-money 938 WEB tabelaОтворањето на финансиските друштва во земјава се овозможи со Законот за финансиски друштва донесен кон крајот на 2010 година и тие се уште се многу мал дел вкупната економија, со учество од 0,2% во бруто домашниот производ (БДП).

Образложението за потребата од влез на финансиски друштва на пазарот, од Министерството за финансии кое што беше и предлагач на законот, беше дека тие треба да претставуваат дополнување на кредитната активност на банките, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради нивните поконзервативни кредитни политики. Во тоа време, јавноста ги доживеа овие друштва како конкуренција на банките.

Законот не им дозволува на овие финансиски друштва да прибираат пари од депозити од граѓани и фирми, ами се финансираат доминантно од сопствен капитал и резерви, или пак се задолжуваат со краткорочни кредити во банките.

„Меѓутоа, можноста за прелевање на ризиците од овој сегмент кон банкарскиот сектор е многу мала, со оглед на тоа што учеството на кредитите на финансиските друштва во вкупните кредити на банките изнесува помалку од 1%“, оцени Народната банка.

Дозвола за работа на финансиските друштва им издава министерот за финансии. Министерството за финансии треба да биде известено за секоја промена во работењето на друштвото и редовно да добива финансиски извештаи, како и да знае од каде потекнуваат средствата со кои располага друштвото. Ревизорот што врши ревизија на друштвото мора да го извести Министерството за финансии доколку тоа го прекршило законот или му е влошена финансиската состојба. Министерството може да изврши и вонредна контрола во друштвото, во која може да ангажира и надворешни експерти. Ова е направено со цел да се врши контрола над работењето на финансиските друштва бидејќи тие не се под надзор на Народната банка.

(Старо)нови играчи влегуваат на пазарот

Како што расте интересот на граѓаните и фирмите за кредитите и кредитните картички од финансиските друштва, така се зголемува и нивниот број на пазарот.  Ако на крајот на 2015 година беа регистрирани десет вакви финансиски друштва, до средината на 2017 година се отвориле уште шест нови, со што вкупниот број се зголеми на 16 друштва.

Последно финансиско друштво што влезе на пазарот е ДП од Битола, регистрирано на крајот на април годинава со основна главнина од околу 100 илјади евра колку што е законскиот минимум.

Произлегува дека овој бизнис значително се шири во Битола ако се знае дека и кон крајот на 2016 година, таму се регистрирани уште две финансиски друштва.

Во декември, почна да работи финансиското друштво  СН Финансии, основано со капитал од 140 илјади евра, додека пак, еден месец претходно, во ноември се отвори финансиското друштво Пелистер со основна главнина од 1,14 милиони евра чиј сопственик е поранешниот градоначалник на општината, Силјан Мицевски преку неговата градежна компанија, ГП Пелистер.

Овој бизнис не е новина за Мицевски бидејќи неговото име се поврзуваше со работењето на штедилницата ТАТ, а беше и еден од седумте обвинети во оваа афера во деведесеттите. Подоцна, сите обвиненија против него беа отфрлени. Ова е всушност финансиско друштво со најголем основачки капитал во моментов а од финансиските активности нуди одобрување кредити, факторинг и издавање гаранции.

Еден ден пред Мицевски да го отвори своето финансиско друштво, на пазарот влезе и рускиот милијардер Олег Бојко, сопственик на групацијата  Финстар од Москва. Финансиското друштво на Бојко во Македонија е регистрирано со називот Диџитал Фајнанс Интернешнл, но во јавноста стана познато под брендот Форца, што е всушност брз онлајн кредит. Основачкиот влог на ова друштво е 300 илјади евра.

Сопственикот Олег Бојко има претходно искуство во финансискиот сектор, се занимава со банкарство од 1988 година, кога ја основал првата ИТ компанија која произведувала софтвер за финансискиот сектор.  Бојко, односно Финстар Групацијата, исто така е сопственик на финансиската група 4Фајнанс која работи во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и САД, чија дејност е кредитирање на населението. Богатството на Бојко е проценето на 1,2 милијарди долари и тој е 55 најбогат човек во Русија.

Во 2016 година, основано е и друштвото Кредисимо со влог од околу 100 илјади евра, и Цемак Кредити од Прилеп, со капитал од 280 илјади евра.

Во 2015 година, пак, регистрирани се три финансиски друштва, и тоа, Монимакс Финансиско од Охрид, Ал Коса од Штип и Пан Интерфинанце од Скопје.

Една година претходно, се основало само едно вакво друштво, а тоа е М Кеш Македонија.

Позначително зголемување на бројот на активни лиценцирани финансиски друштва има во 2013 година, како резултат на регулирањето на можноста за трансформација на штедилниците во финансиски друштва.

Така, дотогашната штедилница Пеон од Струмица, во 2013 година стана финансиско друштво, со основачки влог од 845 илјади евра. Сопственици на ова друштво се Убавка Заева, која што му е стрина на актуелниот премиер Зоран Заев и нејзината ќерка, Катерина Бојовиќ Заева.

Истата година, се отворија и друштвата Младинец и Баваг од Скопје, а во овој бизнис влезе и бизнисменот Емил Стојменов, син на поранешниот министер и пратеник Борис Стојменов. Тој, неговиот брат Марјан и нивната мајка Надежда се јавуваат како сопственици на финансиското друштво Еуро Мк, основано со влог од 130 илјади евра.

Стојменови исто така имаат претходно искуство во финансискиот пазар како сопственици на познатата штедилница Мак БС, основана уште во 1991 година.

Првите финансиски друштва се основаа во 2011 година, а тоа се Фактор Труст, друштво за факторинг основано со капитал од околу 160 илјади евра, и Динерс Клуб Интернационал, кое што работи во Македонија повеќе од 20 години но се трансформира во финансиско друштво по донесувањето на овој закон во 2010 година. Ова е второ најголемо финансиско друштво со основна главнина од 1,1 милиони евра а единствена дејност е издавање на кредитни картички.

Основната главнина на сите финансиски друштва до средината на 2017 година изнесува 5,3 милиони евра, што значи дека вкупното кредитно портфолио може да изнесува најмногу 53 милиони евра бидејќи законот предвидува изложеноста на финансиските друштва да биде најмногу десет пати поголема од основната главнина.

Финансиските друштва работат минатата година ја завршиле со загуба. Во 2015 година тие остварија добивка од околу 260 илјади евра, којашто во однос на претходната година е повисока третина, но лани загубата изнесува околу 23 илјади евра.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×